Одржани 50 јубилејни КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ во Радовиш!
Со богата културно уметничка програма викендот во Радовиш беа одржани јубилејните 50 „Караманови поетски средби“. Во присуство на повеќе поети, професори и други гости, во центарот за култура „Ацо Караманов“, истите свечено ги отвори Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов кој е покровител на средбите.
Директорот на Струшките вечери на поезијата Тодорче Тасевски, кој беше гостин на Карамановите поетски средби, рече дека двата фестивала ги поврзува нешто заедничко, а тоа е што се посветени на поети кои рано починале и не се оствариле докрај, но имале среќа во нивна чест да се одржуваат фестивали на кои ќе се претставуваат и поети од светот.
Беседа за Ацо Караманов и фрагменти од
неговата монодрама „Јас сакам да станам поет“ прочита Доне Донев – артист,
публицист и поет.
На главната
фестивалска вечер беа доделни и награди за наградните книги, како и Специјална награда на поетесата Љубинка Донева
за нејзинот поетски ракопис „Монолог на пирејот“ како вторпласиран ракопис на
конкурсот за македонски автори.
Исто така беа
доделни и награди за најуспешните млади литерати,
кои се јавија по Конкурсот распишан од Центар за култура „Ацо Караманов“
Радовиш.
Во
рамките на фестивалот беа промовирани сите наградени книги, а беше емитуван
и документарниот филм за Ацо Караманов од серијалот „Поети и револуционери“.
Фестивалот беше збогатен и со Изложба на дела од збирката со скулптури и избрани дела од 60 Ликовна колонија од НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, а за музичкиоот дел се погрижи музичкиот состав „Дуо Либерта“ со популарното „Либер танго“ и со други класични композиции. Карамановите поетски средби се одржаа во организација на ЦК „Ацо Караманов“ а под покровителство на Општина Радовиш.
За жал забалажително беше малиот број на присуство од страна на граѓаните на Радовиш на оваа прекрасна поетска манифестација во чест на Ацо Краманов- поет и револуционерза почит.