Македонија
Обезбеди 60.000 вакцини против сезонски грип, министерот Меџити утрово ја прими вакцината
Published
1 месец agoна
By
Media Press
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово ја прими вакцината против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје. Истовремено министерот ги повикува заинтересираните граѓани да се пријават за вакцина.
„Ги повикуваме заинтересираните граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и по смс порака ќе добијат термин. Годинава Министерството за здравство обезбеди 60.000 вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани и здравствените работници. Вакцините за нив се бесплатни’, соопштуваат од кабинетот на министерот.
Инаку вчера на 29 октомври, по повод Светскиот ден на борба со мозочен удар министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, претседателката на Македонското невролошко здружение проф. д-р Драгана Петровска и претседателот на Македонското здружение по кардиологија проф. д-р Марјан Бошевски ја потенцираа важноста на превенцијата, лекувањето и поддршката на пациентите со мозочен удар.
Министерот Меџити порача дека е неопходно лекарите да ги едуцираат граѓаните преку соработка со медиумите, а заложбата негова како министер е преку предлагање и поддршка на законодавни и економски мерки да се овозможи квалитетен и здрав живот на граѓаните.

Поврзани содржини
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
5 часа agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
