Македонија
Граѓанските обврзници од втората емисија достапни за граѓаните, барањето може да го поднесат преку шалтерите на банките
Published
1 месец agoна
By
Media Press
Процесот на издавање на втората емисија на Граѓанска обврзница е во тек. Граѓаните можат да инвестираат во граѓанската обврзница на едноставен и лесно достапен начин преку шалтерите на деловните банки во целата земја со поднесување барање за учество на аукцијата и уплата на средства во износ за кој сакаат да купат обврзници, соопштува Министерството за финансии.
Можноста на граѓаните да поднесат барање во деловните банки согласно објавениот Проспект е до 6 ноември, а аукцијата ќе се одржи на 7 ноември, по што следува постапката на запишување на обврзниците на име на имателите во Централниот депозитар за хартии од вредност.
„За граѓаните ова е инвестиција во безризичен и сигурен инструмент, кој го издава државата и нуди повеќе придобивки за граѓаните. Меѓу другото покрај тоа што нивната инвестиција е сигурна и без ризик, таа носи и атрактивен принос кој изнесува 10% на вложената сума за двете години на кои е издадената граѓанската обврзница. Односно за вложени 100.000 денари граѓанската обврзница носи принос на имателот од 10.000 денари.
Граѓаните можат да вложат минимален износ од 10.000 денари. Приносот од камата за првата година од 5% ќе биде исплатен на 14 ноември 2024 година и за втората година кога ќе биде исплатена и вложената сума на 14 ноември 2025 година.
Министерството за финансии, Граѓанската обврзница ја воведе на пазарот како нов иновативен производ за кој граѓаните на првата аукција пројавија голем интерес. При тоа беа запишани 2,5 пати повеќе средства од износот на кој беше објавен Проспектот, односно 1.448.030.000 денари“ стои во соопштението од ресорното министерство.
Поврзани содржини
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
5 часа agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
