Connect with us

Радовиш

Продолжување на бесплатниот курс по ликовна уметност за ученици од Општина Радовиш и почеток на нов почетен курс

Avatar

Published

на

Здружението на ликовни уметници „Рада“ ДЛУР- Радовиш известува за продолжување на бесплатниот курс по ликовна уметност и почеток на нов почетен курс за ликовна уметност.

Сите ученици што го завршиле првиот курс по ликовно образование во периодот од 01.11.2022 година, се информираат дека почнува втор курс во времетраење од 3 месеци кој исто така ќе биде бесплатен за самите ученици.

„Затоа ги повикуваме сите ученици  кои веќе го завршиле првиот курс да бидат присутни на 01.11.2023 година во 19 часот во просториите на здружението на ликовни уметници (поранешен факултет)“, стои во известувањето од „Рада“ ДЛУР- Радовиш.

Исто така сите ученици кои имаат талент за ликовна уметност и сакаат да го посетуваат првиот почетен курс за ликовно образование, можат да се пријават на телефон 076-460-601.

„Курсот за сите ученици е бесплатен и ќе започне од 01.11.2023 година. Приемот  во овој курс се однесува за ученици од четврто до деветто одделение’, соопштуваат од „Рада“ ДЛУР- Радовиш, во чија организаација е курсот а финансиски поддржан од Општина Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе