Connect with us

Радовиш

Заврши 9-тата по ред манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш

Media Press

Објавено на

Заврши 9-тата по ред манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш. Три дена се јадеше и пиеше и се слушаше добра музика.  Илјадници граѓани се собраа на Градскиот пазар да уживаат во добрата храна и добрата музика. Задиволни и гостите и угостителите.

Задоволни и музичарите, односно естрадните уметници кои беа задолжени за забавата на „Самун ем талија“. и годинава беше направен најголемиот „Самун“ од пекара Лукас Трејд, долг 6 метри, за кој биле употребени 10 килограми брашно, 15 килограми пилешко месо и 15 килограми свинско месо.

Сите присутни гости и годинава ги поздрави првиот човек на општината градоначалникот Ацо Ристов им посака добредојде, добра забава и добра храна со радовишките специјалитетит самун и татлија.

Кулминација настанот доживеа во сабота вечерта, со спектакуларниот настап на балканската музичка звезда Милица Павловиќ, која имаше прекрасен настап пред илјадниците присутни гости и граѓани. Претходно вечерта беше збогатена со настапот на нашите реномирани радовишани „Крешендо“, „Анѓел и Орце“ и одличниот состав на чело со Игор Димовски и Пауза за ракија…

Музичката програма на овогодишната манифестација „Самун ем Татлија“ заврши со настапот на „Бело копче“, а за спектакуларно да заврши вечерта се погрижија и  момците од YU FOR YOU и Иван Кукич како и настапот на Соња Тарчуловска.

Организатор на традиционалната манифестација „Самун ем татлија“ и годинава е Општина Радовиш во соработка со ЦК „Ацо Караманов“- Радовиш, а финансиски ја поддржаа и голем број спонзори.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе