Радовиш
Заврши 9-тата по ред манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш
Published
2 месеци agoна
By
Media PressЗаврши 9-тата по ред манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш. Три дена се јадеше и пиеше и се слушаше добра музика. Илјадници граѓани се собраа на Градскиот пазар да уживаат во добрата храна и добрата музика. Задиволни и гостите и угостителите.

Задоволни и музичарите, односно естрадните уметници кои беа задолжени за забавата на „Самун ем талија“. и годинава беше направен најголемиот „Самун“ од пекара Лукас Трејд, долг 6 метри, за кој биле употребени 10 килограми брашно, 15 килограми пилешко месо и 15 килограми свинско месо.

Сите присутни гости и годинава ги поздрави првиот човек на општината градоначалникот Ацо Ристов им посака добредојде, добра забава и добра храна со радовишките специјалитетит самун и татлија.

Кулминација настанот доживеа во сабота вечерта, со спектакуларниот настап на балканската музичка звезда Милица Павловиќ, која имаше прекрасен настап пред илјадниците присутни гости и граѓани. Претходно вечерта беше збогатена со настапот на нашите реномирани радовишани „Крешендо“, „Анѓел и Орце“ и одличниот состав на чело со Игор Димовски и Пауза за ракија…

Музичката програма на овогодишната манифестација „Самун ем Татлија“ заврши со настапот на „Бело копче“, а за спектакуларно да заврши вечерта се погрижија и момците од YU FOR YOU и Иван Кукич како и настапот на Соња Тарчуловска.
Организатор на традиционалната манифестација „Самун ем татлија“ и годинава е Општина Радовиш во соработка со ЦК „Ацо Караманов“- Радовиш, а финансиски ја поддржаа и голем број спонзори.
Поврзани содржини
Ослободување од надоместокот за паркирање, во деновите на манифестацијата „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ во Радовиш
Богата тридневна музичка програма и за годинашната манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2023“
Денеска истекува рокот за пријавување на угостителите за учество на манифестацијата САМУН ЕМ ТАТЛИЈА во Радовиш
Граѓаните позитивно ја оценуваат манифестацијата „Самун ем татлија“ -2019, покажува спроведената јавна анкета на Телевизија Кобра
Првични проценки: изедени над 40000 самуни, на 7-то издание на “Самун ем татлија”
Стивнуваат импресиите од тридневната манифестација ,,Самун ем татлија,, во Радовиш
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
