Радовиш
Се одржа „5-та детска ликовна колонија“ во Радовиш на тема „Фолклорот наша вековна инспирација“
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Вчера во Радовиш се одржа „5-та детска ликовна колонија“ организирана од Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш на тема „Фолклорот наша вековна инспирација“ по повод Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор 2023“.
Градоначалникот Ацо Ристов вчера ја посети ликовната колонија која се одржа во Паркот на младите и поразговара со младите талентирани уметници околу значењето на македонскиот фолклор.

На темата „Фолклорот наша вековна традиција“, младите уметници работеа на техника- Сликање на македонски фолклорни везови на традиционални глинени предмети. Додека пак на тема „Поезијата на Караманов на платно“ по повод 50-тите Јубилејни Карамановите поетски средби, истите ја пренесоа поезијата од поетската стихозбирка „Црвена пролет“ на платно.
Поврзани содржини
Започна 8-та Меѓународна радовишка ликовна колонија во Радовиш
Изложени делата од годинашата Струмичка ликовна колонија во Центарот за култура „Антон Панов“
Заврши Mеѓународната радовишка ликовна колонија „Свети Ѓеоргиј“
Во Радовиш, отворена седмата Меѓународна ликовна колонија Свети Ѓеоргиј -2022
Со работилница со млади уметници од денеска започна Меѓународната ликовна колонија „КАРАМАНОВ“ во Радовиш
Со изложба на уметнички дела од академскиот сликар Владимир Темпов, свечено е отворена ликовната колонија „Караманов – 2020“ во Радовиш
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
