Радовиш
ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш се збогува со уште еден доктор – специјалист. Д-р Роберт Велков замина во пензија
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш се збогува со уште еден доктор – специјалист кој замина во пензија. Станува збор за д-р. Роберт Велков, специјалист по Интерни болести кој го посвети своето лекарско искуство и знаење на граѓаните од Општините Радовиш и Конче, се до своето пензионирање. Благодарност за посветеното работење како единствен интернист последните неколку години, упатуваат и од менаџерскиот тим на Здравствениот дом од и од останатиот медицински персонал со подарување на Благодарница.

„Среќно пензионирање на д-р. Роберт Велков специјалист по Интерни болести. Благодарност голема до вас за целиот ваш труд и посветеност во Здравствениот дом. Ви посакуваме убавии пензионерски денови“ велат од Здравствен дом Радовиш, на последниот ден од неговото пензионирање.
Инаку д-р роберт Велков им е познат на јавноста не само како лекар – интернист туку и како некогашен градоначалник на Општина Радовиш. Тој беше прв човек на Општина Радовиш два мандати и тоа од 2005 до 2009 и од 2009 до 2013 година како кандидат од политичката партија на ВМРО – ДПМНЕ.

Среќни пнзионерски денови д-р Роберт Велков, ви посакува и ТВ Кобра, Радовиш.
Поврзани содржини
Радовиш
68 годишен жител од Аликоч бил физички нападнат по што пријавил во полиција
Published
3 недели agoна
ноември 8, 2023By
Media Press
На 07.11.2023 година во Полициската станица Радовиш Ќ.И. (68) од село Аликоч, радовишко, пријави дека во 08.30 часот во дворно место во село Аликоч бил физички нападнат од Б.А. од истото село.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Стримица, ПС Радовиш.
Радовиш
Камен темелник на новиот Градски пазар во Радовиш, конечно започна изградбата
Published
4 недели agoна
ноември 6, 2023By
Media Press
Започна изградба на новиот Градски пазар во Радовиш, прва капитална инвестиција од вакви размери.
Денеска во рамките на одбележувањето на празникот на градот 6-ти Ноември, денот на ослободувањето на Радовиш, на пригодна свеченост беше поставен камен темелник на нов, современ и модерен Градски пазар, во присуство на повеќе граѓани, бизнисмени и деловни соработници на Општина Радовиш.

„Мене ми припадна честа да го започнам и да го изградам ваков капитален објект кој беше барање на граѓаните со години, а тоа е нов Градски пазар со катна гаражи и останати деловни простории“, рече градоначалникот Ацо Ристов на свечениот чин на поставување на камен темелник. Со изградбата на пазарот рече градоначалнико Ристов, граѓаните на достоинствен начин ќе ги продаваат своите земјоделски производи.

На поставувањето на камен темелник на новиот Градски пазар беше присутен и претседателот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во Радовиш ќе се гради градски пазар во вредност од 2 милиони евра, ова е прва капитална инвестиција од ваков вид после долги години, која радовишани долго ја очекуваа.


Радовиш
Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Oрганизацискиот одбор на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ која ќе се одржи во Радовиш на 13, 14 и 15 октомври ги поканува сите заинтересирани субјекти за учество на манифестацијата, на координативен состанок.
,Oрганизацискиот одбор на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“, ги поканува сите заинтересирани субјекти (угостителски објекти, фурни, здруженија кои се регистрирани и обавуваат дејност поврзана со традиционалните радовишки специјалитети) на 02.10.2023 год. – Понеделник во 12:00 часот во Салата на Советот на општина Радовиш, на координативен состанок во врска со условите за учество на манифестацијата.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
