Радовиш
Ослободување од надоместокот за паркирање, во деновите на манифестацијата „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
И оваа година, општина Радовиш во соработка со локалните установи ја организираат традиционалната манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ која заедно со фолклорниот фестивал „Радовишки собор“ ќе се одржи во деновите од 13 до 15-ти Октомври, на локацијата Градски пазар.
„По тој повод, Советот на општина Радовиш донесе ОДЛУКА за ослободување од надоместокот за паркирање, во деновите на манифестацијата, а исто така се донесе и ОДЛУКА за продолжено работно време од 2 (два) часа за угостителските објекти.
Покрај тоа, во соработка со ОВР Радовиш, за време на манифестацијата ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот“, информира Општина Радовиш.
Од општината се надеваат на разбирање за сите заедно да придонесеме за уште еднаш да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин.
Поврзани содржини

Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026

Радовишани и гостите кои го посетија Радовиш, три дена уживаа во САМУН ЕМ ТАТЛИЈА

Во Радовиш започнува 11-тото издание на „Самун Ем Татлија“ – Првиот човек на општината Љупче Почивалец со покана до сите граѓани да бидат дел од оваа манифестација

Угостителите подготвени за манифестација Самун ем Татлија

Сочувствувајќи со жртвите од пожарот во Кочани, годинава нема да се одржи манифестацијата „Самун ем Татлија„ во Радовиш

Илјадници граѓани уживаа во добрата храна и добрата музика, на манифестацијата „Самун ем Татлија“ во Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

