Connect with us

Радовиш

Започна програмата по повод јубилејни „50-ти КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“

Avatar

Published

на

Со свечена програма и полагање венци на спомен обележјето на великанот Ацо Караманов, Радовиш го започна одбележувањето на јубилејните 50-ти по ред „Караманови поетски средби“.

Во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ а во соработка со ООУ „Никола Карев“ и општина Берово, на 09.10.2023 год. Понеделник, беше оддадена почит на радовишкиот великан, поет и револуционер Ацо Караманов, кој својот живот прерано го даде за слободна и независна Македонија.

На спомен обележјето во близина на општина Берово, свежи венци положија делегации од: општина Радовиш предводена од Градоначалникот Ацо Ристов, општина Берово предводена од Градоначалникот Звонко Пекевски, Центарот за култура Ацо Караманов, Сојузот на борците од општина Радовиш, Демокраската партија на турците од Радовиш и Друштвото на ликовни уметници РАДА ДЛУР.

Со овој свечен чин и официјално започнува програмата од одбележувањето на овогодишниот јубилеј „50-ти КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“ која ќе биде пропратена со голем број содржини посветени на ликот и делото на Ацо Караманов.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе