Connect with us

Радовиш

Две лица од Радовиш, лишени од слобода поради извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“…

Avatar

Published

на

Вчера во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно моторно возило на подрачје на Радовиш, како и една „кражба“ и едно одземање на моторно возило на подрачје на Струмица. Кај него биле пронајдени возило и други предмети, кои ќе бидат вратени на сопствениците.
Е.Б. бил задржан во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.09.2023 во Полициската станица Радовиш бил задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој бил лишен од слобода на подрачје на Охрид по барање и телеграма на Полициската станица Радовиш, а кој се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава информира СВР Струмица.

Радовиш

68 годишен жител од Аликоч бил физички нападнат по што пријавил во полиција

Avatar

Published

на

На 07.11.2023 година во Полициската станица Радовиш Ќ.И. (68) од село Аликоч, радовишко, пријави дека во 08.30 часот во дворно место во село Аликоч бил физички нападнат од Б.А. од истото село.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Стримица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Камен темелник на новиот Градски пазар во Радовиш, конечно започна изградбата

Avatar

Published

на

Започна изградба на новиот Градски пазар во Радовиш, прва капитална инвестиција од вакви размери.

Денеска во рамките на одбележувањето на празникот на градот 6-ти Ноември, денот на ослободувањето на Радовиш, на пригодна свеченост беше поставен камен темелник на нов, современ и модерен Градски пазар, во присуство на повеќе граѓани, бизнисмени и деловни соработници на Општина Радовиш.

„Мене ми припадна честа да го започнам и да го изградам ваков капитален објект кој беше барање на граѓаните со години, а тоа е нов Градски пазар со катна гаражи и останати деловни простории“, рече градоначалникот Ацо Ристов на свечениот чин на поставување на камен темелник. Со изградбата на пазарот рече градоначалнико Ристов, граѓаните на достоинствен начин ќе ги продаваат своите земјоделски производи.

На поставувањето на камен темелник на новиот Градски пазар беше  присутен и претседателот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во Радовиш ќе се гради градски пазар во вредност од 2 милиони евра, ова е прва капитална инвестиција од ваков вид после долги години, која радовишани долго ја очекуваа.

Прочитај повеќе

Радовиш

ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш се збогува со уште еден доктор – специјалист. Д-р Роберт Велков замина во пензија

Avatar

Published

на

ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш се збогува со уште еден доктор – специјалист кој замина во пензија. Станува збор за д-р. Роберт Велков, специјалист по Интерни болести кој го посвети своето лекарско искуство и знаење на граѓаните од Општините Радовиш и Конче, се до своето пензионирање. Благодарност за посветеното работење како единствен интернист последните неколку години, упатуваат и од менаџерскиот тим на Здравствениот дом од и од останатиот медицински персонал со подарување на Благодарница.

„Среќно пензионирање на д-р. Роберт Велков специјалист по Интерни болести. Благодарност голема до вас за целиот ваш труд и посветеност во Здравствениот дом. Ви посакуваме убавии пензионерски денови“ велат од Здравствен дом Радовиш, на последниот ден од неговото пензионирање.

Инаку д-р роберт Велков им е познат на јавноста не само како лекар – интернист туку и како некогашен градоначалник на Општина Радовиш. Тој беше прв човек на Општина Радовиш два мандати и тоа од 2005 до 2009 и од 2009 до 2013 година како кандидат од политичката партија на ВМРО – ДПМНЕ.

Среќни пнзионерски денови д-р Роберт Велков, ви посакува и ТВ Кобра, Радовиш.

Прочитај повеќе