Македонија
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
„Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.
МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.
Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.
Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот“ стои во соопштението од МВР.
Поврзани содржини
„Биди подготвен за безбедно патување“, превентивни активности на МВР…
МВР: 235 санкционирани возачи на мотоцикли, два мотоцикли одземени
Лишени од слобода две лица од Струмица за неовластена размена на парични средства
30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, преглед на ученици во близина на училишта
Предупредување од МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Претреси во Скопје, приведени 16 лица
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
6 часа agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
2 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
