Connect with us

Босилово

Општина Босилово по вторпат учествуваше на најголемата пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“

Avatar

Published

на

Општина Босилово по вторпат учествуваше на најголемата пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“.

Акцијата се спроведе на две локации –Акумулација Иловица и Манастир „Свети Климент и Наум Охридски“-Хамзали. Од страна на организаторите на акцијата се доделени благодарници на учесниците на акцијата – Општина Босилово, ЈПКД „Огражден Босилово“, ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово, ООУ „Гоце Делчев“ Босилово и ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Иловица.

Општина Босилово останува отворена за соработка и учество на акции кои ќе продонесат за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно влијание врз зачувувањето на животната средина.

Босилово

Есенска Штрапаријада во село Сарај, на 22 октомври во организација на Џоко Мирчев- Џоканов

Avatar

Published

на

По втор пат годинава во село Сарај Општина Босилово ќе се одржи „Штрапаријада“ настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци.

Организаторот на турнирот  Џоко Мирчев -Џоканов најавува спектакуларен настан кој ќе се одржи на 22 октомври на ранчот Џоканов. Тој ќе учествува со своите елитни коњи

За сите присутни со влезница од 200 денари, следува бесплатен пијалок и бесплатна вечера од печен бик на ражен.

Турнирот ќе започне од 21 октомври со дочек на сите учесници, а натпреварот ќе се одржи во недела на 22 октомври со почеток од 9 часот со мерење на коњите. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава.

Коњите ќе бидат поделени во неколку категории според тежината и големината на трупот, за победниците следуваат богати награди.

Сите кои ќе земат учество на турнирот со свој коњ, потребно е да имаат документ од вага за тежината на самиот коњ.

Претходните години Штрапаријада се одржуваше пред ресторанот „Golden Palace“ во Сарај, а втор пат годинава на ранчот Џоканов кој специјално се подготвува за ваков натпревар .

Прочитај повеќе

Босилово

Обука и симулациона вежба како дел од прекуграничниот проект на Босилово и Грмен за превенција и заштита од поплави

Avatar

Published

на

            Во тек е реализацијата на  проектот  “Ефективна превенција и ублажување на последиците од поплавите во прекуграничниот регион Грмен – Босилово“кој се имплементира помеѓу општина Босилово од Македонија во партнерство со општина Грмен од Бугарија, според Договорот за доделување на субвенции во рамките на ЕУ инструментот за пред пристапна помош ИПА II програмата.

Реализацијата на проектот опфаќа изградба на бетонски одводни канали за атмосферска вода во двете општини и тоа во Општина Босилово во населените  места Босилово и Бориево и во општина Грмен во населените места Огњаново и Грмен. Изградбата на овие бетонски канали е во завршна фаза.

Една од активностите на проектот е спроведување на обука „„Заедничко спречување и управување со ризик во ситуација на поплави “ која се организира на територијата на општина Босилово

Цел: Главна тема на обуката: што да се прави во случаи на катастофа; што е потребно да се знае однапред; како да се дејствува во случаи на вистинска опасност и начин на справување со последиците, давање прва помош на повредени луѓе. Обуката за ризици од поплави има за цел да го подобри знаењето на локалното население и начинот на нивното реагирање во случај на катастрофа да се однесуваат правилно и паметно да ги искористаат сите достапни информации.

Како дел од обуката се одржа симулациона тактично показна вежба со која се покажаа и увежбуваа активностите кои треба да се реализираат во случај на поплава.

На оваа вежба како и на тридневната обука присуствуваа претсавници од двете општини партнери во проектот општина Босилово и општина Грмен, учесници од населените места во Босилово .

Вежбата се спроведе со учество на институциите во системот: Општина Босилово, ЈПКД Огражден Босилово, ДЗС Струмица, Црвен крст Струмица, ТППЕ Струмица, РЦУК Струмица и СВР Струмица

Вкупниот проект за двете општини изнесува 259 илјади евра,  само за општина Босилово се предвидени 111 илјади евра од кои околу 50 илјади евра од општинскиот буџет.

Прочитај повеќе

Босилово

Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој

Avatar

Published

на

Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, добиваат можност за квалитетен, активен живот и социјализација.

Отворањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој  го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, во рамки на социјалната реформа која започна да се спроведува во 2019 година. Една од клучните цели на оваа реформа е зголемување на достапноста на социјалните услуги на локално ниво, до оние граѓани на кои тие им се најпотребни.    

„Центрите за дневен престој на стари лица за активно стареење се еден тип на социјална услуга која е наменета за активните стари лица и им овозможуваат на старите лица низ разновидни активности да бидат ангажирани, да се дружат, како и квалитетно да го исполнат нивното време. Јас сум многу задоволна што денеска ќе ја врачиме лиценцата за вршење дејност на третиот центар за дневен престој на стари лица и верувам дека истиот ќе им носи многу дружба и активности на жителите од село Турново. Задоволството е поголемо што се работи за рурална средина и тоа покажува дека ние сме посветени на изградба на систем на социјални услуги низ целата земја, со акцент на одалечените места.“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Со новиот центар за дневен престој на стари лица со активно стареење во Турново ќе управува општинската организација на Црвениот крст во Струмица, кој од Министерството за труд и социјална политика ја доби соодветната дозвола за вршење дејност од областа на социјалната заштита.  

Од Црвениот Крст Струмица искажаа задоволство што заедно со општина Босилово се добитници на грант за развој на оваа услуга и потенцираа дека ќе го искористат своето знаење и искуство за да креираат активности кои ќе внесат свежина и радост во секојдневниот живот на корисниците, помагајќи им квалитетно и активно да го поминат третото доба.

„Горд сум што Босилово е една од општините чии проекти за развој на нови социјални услуги беа избрани како најдобри и чија реализација е овозможена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Тоа покажува дека сме направиле добра проценка на потребите на нашите сограѓани и добро сме ги идентификувале оние што заслужуваат посебно внимание и поддршка. Постарите граѓани од нашата општина секако спаѓаат во таа група и затоа денеска сум особено задоволен што заедно со ресорното министерството и давателот на услугата – Црвениот крст од Струмица, започнуваме со исполнување на оваа наша заложба“, оцени градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев.

Прочитај повеќе