Connect with us

Радовиш

Богата тридневна музичка програма и за годинашната манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2023“

Avatar

Published

на

Радовиш и годинава ќе биде домаќин на традиционалната и најмасовна манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ која ќе се одржи во деновите од 13 до 15 Октомври, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.

За таа цел е предвидена богата музичка програма која ќе започне од петок 13 октомври.

Во 15:00 час. Манифестација „Радовишки собор“ – Фолколорен фестивал и Концерт

-21:00 час. Александар Јовевски – Од колено на колено

-22:00 час. Александар Ицов со Елена Велевска и Спасен Сиљановски

-23:00 час. Либеро Бенд

 Во сабота 14 октомври програмата ќе започне во 13:00 час. со Распеани Радовишани

-15:00 час. Струмичка Тајфа

-17:00 час. Крешендо

-19:00 час. Игор Димовски – Пауза за ракија

-21:00 час. Ангел и Орце

Главната музичка ѕвезда на манифестацијата – Милица Павловиќ, ќе настапи во 23:00 час.

На 15 октомври во Недела во 12:30 час. пред радовишани ќе се претстават Тоше и Васко.

-13:30 час. Оркестар Табиет

-15: 00 час. Маестро бенд

-17:00 час. Зоран Илиев

-19:00 час. Иван Кукич – YU FOR YOU

-21:00 час. Бело копче – Tribute to Bjelo Dugme

Манифестацијата Самун ем талија традиционално се одржува во организација на Општина Радовиш.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе