Connect with us

Гевгелија

На Граничен премин Богородица фатени 387 штеки различни видови цигари и тутун

Avatar

Published

на

Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија, информира МВР.

При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гевгелија

Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово

Avatar

Published

на

На 23.08.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија

Avatar

Published

на

На последната 29. седница, пред Советот на Општина Гевгелија се најде Информација за состојбата со постапување по барањата за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти во општина Гевгелија за периодот 4 март 2011 година – 30 јуни 2023 година. Според приложената информација, во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година, биле доставени 5.842 барања од граѓани за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти.

Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко- планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување правен статус на бесправен објект објавени во „Службен весник на Република Македонија“, од страна на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања. Од вкупно поднесените 5842 барања за утврдување правен статус на бесправно- изградени објкети, 5.390 се позитивно решени, а 452 барања се во постапка на решавање. Законскиот рок за постапувања по барањата е до 3 март 2026 година.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипед во Гевгелија

Avatar

Published

на

Од денеска (17 јули 2023 година), започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипеди, согласно донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија на 28. седница. Право на аплицирање имаат граѓаните на општина Гевгелија, освен вработените во општинската администрација и членовите на нивните семејства, кои купиле велосипед во периодот од 1 април се до потрошувањето на средствата во висина од 500.000 денари од Општинскиот буџет за 2023 година предвидени за оваа намена.

Аплицирањето за субвенции за набавка на велосипеди ќе се врши во зградата на Општина Гевгелија (Сала за одржување седници, прв кат), секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. За добивање субвенции за набавка на велосипед е потребна следнава документација:

– копија од важечка лична карта или патна исправа,

– копија од трансакциска сметка,

– изјава за давање согласност за користење лични податоци,

– потврда од Општина Гевгелија дека е платен данокот за имот за станбениот објект во кој живее,

– доказ (фискална сметка) дека велосипедот е купен од трговци кои дејноста ја обавуваат на подрачјето на општина Гевгелија.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледани по редослед според датумот и времето на пристигнување, односно според принципот „прв дојден, прв услужен“.

Прочитај повеќе