Технологија

“Volkswagen” подготвува 11 електрични модели

Германскиот производител на автомобили Фолксваген се надева дека побарувачката за електрични возила ќе се зголеми по неодамнешното забавување и останува фокусиран на нив, изјави шефот на компанијата Томас Шефер пред саемот за автомобили IAA.

„До 2027 година ние како бренд ќе претставиме 11 нови електрични модели на пазарот“, изјави Шефер за германската агенција dpa.

Иако побарувачката неодамна се намали, VW ќе продолжи да го фокусира своето внимание на електричните возила, вели тој.

„Претпоставуваме дека уделот на е-автомобилите во Европа значително ќе се зголеми во наредните години“, рече Шефер, кој неодамнешниот пад на побарувачката го нарече „привремен“, пренесува Tportal.hr .

Желбата за електрични автомобили, особено во Германија, се намали на почетокот на годината поради инфлацијата и до неодамна долгото чекање за испорака. Тоа значеше дека VW мораше да го намали производството во Емден на одреден период.

Сепак, ситуацијата сега е подобрена, изјави Шефер.

„Од мај, повторно забележавме нагорен тренд на новите нарачки“, објаснува Шефер.

Шефер ја отфрли можноста за намалување на цената, иако американскиот производител на електрични автомобили Тесла ги намали цените за да ја зголеми побарувачката.

Целта на VW е до 2030 година да го зголеми уделот на електрични возила на 80 отсто, а потоа на 100 отсто три години подоцна.

Продажбата на електрични возила сочинуваше 7,3 отсто од вкупната глобална продажба во првата половина на 2023 година, но Шефер вели дека тоа најмногу се должи на земјите како Бразил, каде што бизнисот е во зародиш.

„Во Европа уделот на е-автомобилите е веќе значително поголем. На крајот на првата половина од годината бевме на 15,1 отсто, само во Германија на дури 15,4 отсто“, додаде тој.

Тоа значи дека во Германија VW успеа да ја престигне Tesla и да стане бренд број еден кога се во прашање електричните возила.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago