Македонија

ЈО ги охрабрува граѓаните кои имаат сознанија во врска со евентуални кривични дела на Клиника за онкологија да ги пријават на надлежните органи

Повик и охрабрување на граѓаните кои имаат сознанија во врска со евентуални кривични дела на Клиника за онкологија, да ги пријават на надлежните органи, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Во соопштението се наведува дека ЈО и МВР, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Во континуитет се издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните недели. Во тоа целосно соработуваат и помагаат и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал.

Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Целата постапка од првиот момент се води максимално транспарентно и со почитување на сите законски процедури.

-Во тој контекст, ја известуваме јавноста дека соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите се веќе издадени. Истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија. Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност. Во истиот момент кога за конкретно лице ќе бидат обезбедени доволно докази за основано сомнение дека сторило кривично дело, обвинителството ќе ја информира јавноста, се наведува во соопштението.

ЈО сепак апелира на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице, но ги охрабрува граѓаните кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка.

Во ТВ интервју и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека ја разбира загриженоста на граѓаните за случајот со Клиника за онкологија.

„Единствено во овој момент што го разбирам е загриженоста на сите нас како граѓани. Тоа е посебна емоција кога станува збор за овој сегмент во здравството, тука се последните надежи на една личност која се бори со ваква опака болест и сака да се потпре на систем, на лекари. Без разлика кој учествувал во ова, сериозна штета се нанесува на системот, на лекарите кои во огромно мнозинство се хумани луѓе”, рече министерот Спасовски.

„За тоа ќе се носи одговорност, многу е важно квалитетно да се заврши процесот и виновниците со име и презиме да одговараат пред надлежните органи. Само така ќе биде задоволена правдата и спрема граѓаните и спрема сите пациенти кои биле на Клиниката за онкологија”, рече Спасовски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago