Македонија

Скандал го тресе македонското здравство, МВР и ЈО прибираат докази за случајот на Онкологија

Скандал го тресе македонското здравство, крадењето лекови од онколошката клиника и препродавање во странство, а на пациентите им ставан обичен физиолошки раствор. Препукувања помеѓу партиите за тоа кој е одговорен, а МВР и ЈО заедно го истражуват случајот.

Премиерот Димитар Ковачевски очекува да се спроведе професионална, брза истрага со која ќе се откријат сите оние кои се огрешиле пред закон и пред етички и морални принципи на докторската фела.

„Ова е еден грозен случај во којшто МВР има определено тим што работи на прибирање на обемен доказен материјал, каде што работат подоцна со Обвинителството. Се надевам дека и Обвинителството ќе ја објасни нивната постапка, бидејќи тие се посебен орган“, рече Ковачевски и повтори дека се работи за мултипартиски и мултуетнички криминал којшто мора да се расчисти. Тој додаде дека ги разбира загриженоста и бесот на граѓаните и оцени дека „правото на протест во вакви случаи е и добредојдено, затоа што врши дополнителен притисок врз институциите побрзо да ја завршат својата работа“. Но премиерот повика „случајот да не се политизира“. „Очекувам да се спроведе професионална, брза истрага, којашто ќе идентификува поединци кои се огрешиле пред закон и пред етички и морални принципи на докторската фела.

Македонија се соочува со најголемиот скандал во својата самостојност, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, скандалот поврзан со злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е мегаскандал.

„Пред две години ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека на Клиниката за онкологија има сомнителни постапки поврзани со терапијата и лекувањето на пациентите. Власта на СДС и Ковачевски тогаш премолчи. Пред 6 месеци медиумите исто така пишуваа за злоупотреби, кражби и препродавање на терапијата наменета за пациентите, и тогаш власта на Ковачевски и СДС премолчи. Во целиот тој период пациентите, наместо да добиваат терапија, според сведоштва и натписи, добивале физиолошки раствор или им било кажувано дека има недостиг на лекови, а скапи цитостатици биле земани и препродавани по илјадници евра ампула на црниот пазар како тука во Македонија така и во странство“, посочи Лефков.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago