Македонија
Скандал го тресе македонското здравство, МВР и ЈО прибираат докази за случајот на Онкологија
Објавено на
Од
Media Press
Скандал го тресе македонското здравство, крадењето лекови од онколошката клиника и препродавање во странство, а на пациентите им ставан обичен физиолошки раствор. Препукувања помеѓу партиите за тоа кој е одговорен, а МВР и ЈО заедно го истражуват случајот.
Премиерот Димитар Ковачевски очекува да се спроведе професионална, брза истрага со која ќе се откријат сите оние кои се огрешиле пред закон и пред етички и морални принципи на докторската фела.
„Ова е еден грозен случај во којшто МВР има определено тим што работи на прибирање на обемен доказен материјал, каде што работат подоцна со Обвинителството. Се надевам дека и Обвинителството ќе ја објасни нивната постапка, бидејќи тие се посебен орган“, рече Ковачевски и повтори дека се работи за мултипартиски и мултуетнички криминал којшто мора да се расчисти. Тој додаде дека ги разбира загриженоста и бесот на граѓаните и оцени дека „правото на протест во вакви случаи е и добредојдено, затоа што врши дополнителен притисок врз институциите побрзо да ја завршат својата работа“. Но премиерот повика „случајот да не се политизира“. „Очекувам да се спроведе професионална, брза истрага, којашто ќе идентификува поединци кои се огрешиле пред закон и пред етички и морални принципи на докторската фела.

Македонија се соочува со најголемиот скандал во својата самостојност, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, скандалот поврзан со злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е мегаскандал.
„Пред две години ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека на Клиниката за онкологија има сомнителни постапки поврзани со терапијата и лекувањето на пациентите. Власта на СДС и Ковачевски тогаш премолчи. Пред 6 месеци медиумите исто така пишуваа за злоупотреби, кражби и препродавање на терапијата наменета за пациентите, и тогаш власта на Ковачевски и СДС премолчи. Во целиот тој период пациентите, наместо да добиваат терапија, според сведоштва и натписи, добивале физиолошки раствор или им било кажувано дека има недостиг на лекови, а скапи цитостатици биле земани и препродавани по илјадници евра ампула на црниот пазар како тука во Македонија така и во странство“, посочи Лефков.


Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



