Босилово
Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој
Published
3 недели agoна
By
Media Press
Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, добиваат можност за квалитетен, активен живот и социјализација.
Отворањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, во рамки на социјалната реформа која започна да се спроведува во 2019 година. Една од клучните цели на оваа реформа е зголемување на достапноста на социјалните услуги на локално ниво, до оние граѓани на кои тие им се најпотребни.
„Центрите за дневен престој на стари лица за активно стареење се еден тип на социјална услуга која е наменета за активните стари лица и им овозможуваат на старите лица низ разновидни активности да бидат ангажирани, да се дружат, како и квалитетно да го исполнат нивното време. Јас сум многу задоволна што денеска ќе ја врачиме лиценцата за вршење дејност на третиот центар за дневен престој на стари лица и верувам дека истиот ќе им носи многу дружба и активности на жителите од село Турново. Задоволството е поголемо што се работи за рурална средина и тоа покажува дека ние сме посветени на изградба на систем на социјални услуги низ целата земја, со акцент на одалечените места.“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Со новиот центар за дневен престој на стари лица со активно стареење во Турново ќе управува општинската организација на Црвениот крст во Струмица, кој од Министерството за труд и социјална политика ја доби соодветната дозвола за вршење дејност од областа на социјалната заштита.
Од Црвениот Крст Струмица искажаа задоволство што заедно со општина Босилово се добитници на грант за развој на оваа услуга и потенцираа дека ќе го искористат своето знаење и искуство за да креираат активности кои ќе внесат свежина и радост во секојдневниот живот на корисниците, помагајќи им квалитетно и активно да го поминат третото доба.
„Горд сум што Босилово е една од општините чии проекти за развој на нови социјални услуги беа избрани како најдобри и чија реализација е овозможена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Тоа покажува дека сме направиле добра проценка на потребите на нашите сограѓани и добро сме ги идентификувале оние што заслужуваат посебно внимание и поддршка. Постарите граѓани од нашата општина секако спаѓаат во таа група и затоа денеска сум особено задоволен што заедно со ресорното министерството и давателот на услугата – Црвениот крст од Струмица, започнуваме со исполнување на оваа наша заложба“, оцени градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев.

Поврзани содржини
Босилово
Обука и симулациона вежба како дел од прекуграничниот проект на Босилово и Грмен за превенција и заштита од поплави
Published
2 недели agoна
септември 13, 2023By
Media Press
Во тек е реализацијата на проектот “Ефективна превенција и ублажување на последиците од поплавите во прекуграничниот регион Грмен – Босилово“кој се имплементира помеѓу општина Босилово од Македонија во партнерство со општина Грмен од Бугарија, според Договорот за доделување на субвенции во рамките на ЕУ инструментот за пред пристапна помош ИПА II програмата.

Реализацијата на проектот опфаќа изградба на бетонски одводни канали за атмосферска вода во двете општини и тоа во Општина Босилово во населените места Босилово и Бориево и во општина Грмен во населените места Огњаново и Грмен. Изградбата на овие бетонски канали е во завршна фаза.

Една од активностите на проектот е спроведување на обука „„Заедничко спречување и управување со ризик во ситуација на поплави “ која се организира на територијата на општина Босилово

Цел: Главна тема на обуката: што да се прави во случаи на катастофа; што е потребно да се знае однапред; како да се дејствува во случаи на вистинска опасност и начин на справување со последиците, давање прва помош на повредени луѓе. Обуката за ризици од поплави има за цел да го подобри знаењето на локалното население и начинот на нивното реагирање во случај на катастрофа да се однесуваат правилно и паметно да ги искористаат сите достапни информации.

Како дел од обуката се одржа симулациона тактично показна вежба со која се покажаа и увежбуваа активностите кои треба да се реализираат во случај на поплава.
На оваа вежба како и на тридневната обука присуствуваа претсавници од двете општини партнери во проектот општина Босилово и општина Грмен, учесници од населените места во Босилово .

Вежбата се спроведе со учество на институциите во системот: Општина Босилово, ЈПКД Огражден Босилово, ДЗС Струмица, Црвен крст Струмица, ТППЕ Струмица, РЦУК Струмица и СВР Струмица

Вкупниот проект за двете општини изнесува 259 илјади евра, само за општина Босилово се предвидени 111 илјади евра од кои околу 50 илјади евра од општинскиот буџет.
Босилово
Официјално започна со работа првата градинка во Босилово, 55 деца ќе добијат предучилишно воспитание и образование
Published
3 недели agoна
септември 4, 2023By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев денеска го одбележаа официјалното отпочнување со работа на градинката „Среќни насмевки“ во Босилово.
„Градинката „Среќни насмевки“ e изградена и опремена со средства обезбедени од Министерството за труд и социјална политика во износ од 14 милиони денари во градежниот дел и околу 2.5 милиони денари во опремување. Таа е изградена согласно најсовремените стандарди за објекти од оваа намена и овозможена е едукација на најмладите преку методот учење преку игра“ истакна Тренчевска во своето обраќање.

Министерката се осврна и на посветената работа на министерството за унапредување на детската заштита од 2017 година, таа посочи дека до денес се 81 објект – детски градинки и 12 центри за ран детски развој со што се опфаќаат околу 5900 деца.
„На задоволство на сите граѓани на Босилово денес започна со работа првата градинка на ова населено место со опфат на 55 деца. Како градоначалник морам да истакнам дека апсолутно го почитувам процесот на отворање на детски градинки во руралните средини. Тоа е многу важно заради социјализација и едукација на децата и воедно на таков начин се овозможува еднакви услови и за децата и за граѓаните од руралните и урбаните средини“ рече градоначалникот Манчев.

Босилово
Донација од Општина Фрибург- Швајцарија за Општина Босилово во вредност од 78.000 франци
Published
2 месеци agoна
јули 27, 2023By
Media Press
Вредна донација од Општина Фрибург- Швајцарија за Општина Босилово за одржување на јавната хигиена и за потребите на јавното комунално претпријатие.
Вредноста на донацијата изнесува 78.000 франци, без дополнителните трошоци (превоз, итн.) информираат од општината.

Донацијата се состои од :
– Метларка, Камион, ПМВ Рено Канго (две), ПМВ Цитроен Берлинго, контејнери и канти за отпад, и друга додатна опрема.

„Оваа донација немаше да се реализира без поддршка на Горан Мијалов од Босилово, кој што живее и работи во Фрибург- Швајцарија и во име на граѓаните на Општина Босилово изразувам благодарност до Горан и неговото семејство. Верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина. Постепено ги јакнеме капацитетите на ЈКП “Огражден” – Босилово“ објави градоначалникот Ристо Манчев на социјалните мрежи.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
