Connect with us

Радовиш

Македонското девојче Kaролина Гочева во Радовиш ќе пее за македонските рудари

Avatar

Published

на

По повод 28 август- Денот на рударите кој што воедно е и Ден на Радовиш, се организира свечена програма за чествутвањето на професионалниот празник на македонските рудари. Одбележувањето започнува на 28 август во делокругот на рудниците со  свечената церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а  главната прослава ќе биде вечерта во центарот на Радовиш со музички концерт на Каролина Гочева. Како педгрупа ќе настапи бендот South Parк. Концертот почнува во 20 часот.

“Радовиш го слави Денот на рударите и празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на македонските рудари, а оваа година за прв пат за радовишани и сите посетители се подготвува вистинско музичко уживање и секако одлична забава и расположение со најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева. Централната прослава ќе се одржи во центарот на Радовиш под покровителство на рудниците Бучим и Боров Дол во соработка со Општина Радовиш. Ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот”, рече градоначалникот Ацо Ристов.

“За прв пат годинава Денот на рударите, ќе биде одбележан со настан во центарот на Радовиш. Празничната традиција ќе ја зачуваме и пред големиот концерт, во делокругот на рудникот ќе се одржи официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а прославата ќе  се одржи во Радовиш каде заедно со сите граѓани, рудари и нивните семејства ќе уживаме во концерт на македонски музички ѕвезди” , додаде Александр Раков генерален директор на Бучим и Боров Дол.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе