Радовиш
Американската амбасадорка во Македонија Агелер, во посета на библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
По повод Меѓународниот ден на младите и Светскиот ден на хуманитарноста, во посета на Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш беше амбасадорката на Соединетите Американски држави во Македонија, Ангела П. Агелер.

Во рамките на посетата, Амбасадорката Агелер имаше работна средба и дискусија со млади претставници од невладиниот сектор, ученици и студенти од Радовиш, а се разговараше за младинскиот активизам, волонтерството и нивниот ангажман во заедницата. Амбасадорот Агелер, ги охрабри младите да размислуваат за уникатните сили и средства на нивните заедници кои можат да се искористат за позитивни промени и развој.
По доскусиите, вклучувањето на средношколците на сет виртуелна реалност (VR) беше одличен начин да им се обезбеди извонредно и уникатно практично искуство.

Поврзани содржини

Промоцијата на книгата ,,Денот ви ѕвони на врата” од авторката Стефанија Лукарова од Радовиш

Под мотото: ,,Јазикот го чуваме, историјата ја учиме”, се одбележа месецот на книгата во ОНБ ,,Браќа Миладиновци”, Радовиш

ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш со нов директор, претходниот заминува во пензија

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

Новина во библиотеката во Радовиш, електронско издавање на книжниот фонд, по пет денари на име амортизација при земање на книга

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

