Connect with us

Радовиш

П.К Бел Камен од Радовиш по 15-ти пат го организира Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2023”

Media Press

Објавено на

П.К Бел Камен од Радовиш и оваа година по 15-ти пат го организира Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2023” во спомен секавање на планинарот Спасов Костаке.

„Маршот го посветуваме и на нашиот голем пријател и поддржувач Маестро Драгомир ШОИЌ и нашиот покоен домар Гогов Ристе Ринго.
По тој повод ве покануваме и вас да земете учество на овој меморијален марш кој ќе се одржи на 20.08.2023год (недела)“ информираат од ПК Бел камен, Радовиш.
Програма:
Тргнување од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. до врв Бел Камен – Планинарски дом Џумаја. Самата патека е долга околу 27 километри и е во времетраење од околу 7 часа. Патеката е во категорија “средно тешка”. По пристигнувањето на сите учесници и гости ќе им се послужи ручек.После ручекот планинарско дружење и во 17 ч. заминување од П.Д. Џумаја.
За оние планинари кои сакат да дојдат во сабота (19.08.) сместување ке има во П.Д Џумаја по цена 300ден.
За непречено организирање на маршот во однос на сместувањето и учеството на маршот, потребно е задолжително  пријавување за учество најкасно до 18.08.2023 год. На контакт телефоните:

Ѓорги Симеонов – 070 302 021
Љупчо Јованов – 077 547 887
Славе Спасов – 070 319 030 

Сите учесници на маршот да бидат здрави и психофизички подготвени, напоменуваат организаторите.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе