Connect with us

Струмица

Општина Струмица набави вендинг машини или пластикомати, за секое пластично шише или лименка ќе има паричен надоместок

Avatar

Published

на

Општина Струмица набави интегриран систем за рециклирање кој се состои од безконтактни електронски картички и терминална опрема: уреди за рециклирање на отпад преку кои на крајните корисници кои во нив ќе уфрлат празни пластични шишиња или лименки, автоматски, согласно дефинираниот ценовник на претпријатието, ќе им биде доделен соодветен паричен надоместок, односно 0.5 денари по пластично шише или лименка.

Уредите (вендинг машини или пластикомати) денеска беа поставени на две од трите локации, во „Глобал“ и СОУ „Јане Сандански“, додека третата локација ќе се дефинира согласно барањата на граѓаните.Јавната набавка ја доби фирмата Пакомак која е одговорна за поставување и инсталирање на машините. Од страна на Пакомак исто ќе бидат поставени три вендинг машини донација на локации кои самите ќе си ги одредат, но истите ќе бидат дел од интегрираниот систем за рециклирање на пластика и лименки.

Паричниот надоместок за рециклирањето на отпад на крајниот корисник ќе биде префрлен преку еден од следниве медиуми: -Електронска безконтактна пластична картичка која што ќе ја воведе и издава Општина Струмица -Емулирана картичка на мобилна апликација -QR код.

Вендинг машините ќе бидат во функција 24 часа, а целта е со нив да се собере поголема количина на пластични шишиња и лименки.

Струмица

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица

Avatar

Published

на

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.

За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Прочитај повеќе

Струмица

Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата

Avatar

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село

Avatar

Published

на

Вчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе