Денеска е Преподобна Параскева, во народот позната како света Петка
Според житието Параскева (Петка) била родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите Параскева го раздала целиот свој имот на бедните и се замонашила.
„Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин… Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши“, стои во житието.
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу
раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести,
поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се
поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен
празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и
свечености го празнуваат голем број македонски семејства.На
денешен ден се избегнува да се
работат тешки работи на нива и дома.
И во црковните храмови кои не го носат нејзиното име, на овој ден се одржува света божествена литургија. Света божествена литургија беше одржан и во Црковниот храм Света Троица во Радовиш.