Радовиш
Ќе има ли доволно вода во Мантово за успешна наводнувачка сезона? Апел до земјоделците за рационално користење на водата
Published
2 месеци agoна
By
Media PressЕзерото Мантово иако со намален капацитет како никогаш досега поради лошата хидролошка состојба, сепак ќе ги исполни обврските за навадновање кон земјоделците во оваа наводнувачка сезона, ветуваат од „Радовишко поле“. Токму од тие причини раководителката на подружницата „Радовишко Поле“ Сања Ристова, апелира до земјоделците за совесно и економично користење на водата и нерастурање на истата непотребно посебно во населено место Воиславци каде како што рече има најголемо растурање на водата.
„Се наоѓаме во средината на сезоната за наводнување и можеме да кажеме дека вода за наводнување има доволно, апелираме до сите водокорисници за рационално и економично користење на водата и нерастурање на истата непотребно, посебно до водокорисниците во село Воиславци, за да имаме уште една успешна наводнувачка сезона“ стои во апелот од раководителката на подружницата „Радовишко Поле“ Сања Ристова.
Поради лошата хидролошка состојба, подружницата „Радовишко Поле“ е принудена да врши рестрикции во користењето на водата, од каде се наводнуваат околу 500 хектари обработлива површина во Радовишко Поле и дел во Општина Конче. Како што велат од подружницата имаат проблеми и со каналската мрежа долга 29 километри која е застарена и неисчистена, а недостасуваат и работници.
Иницијатива или прашање околу состојбата со водата во Езерото Мантово кое е видно намалено беше покренета и на седница на советот на Општина Радовиш. Советникот Дејан Вучковски рече дека и во месеците мај и јуни кога имаше врнежи и сите акумулации беа преполни само Мантово беше во опаѓање. Тој покренува иницијатива до надлежните да ја проверат состојбата на терен и притоа спомна дека освен за земјоделие и Рудникот Бучим троши вода од Мантово.

Градоначалникот Ацо Ристов рече дека како општина имаат интерес за Мантово токму за развојот на земјоделието и за реализација на проектот од ФАО, за обновување на мрежата за наводнување. Ристов рече дека ќе побара информации од Рудникот Бучим и од подружницата „Радовишко поле“ која стопанисува со Мантово.
Загриженост за состојбата на езерото Мантово изразува и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов под чија управа територијално спаѓа и целата акумулација кој рече дека поднел барање до подружница Радовишко поле за да добие детални информации каква е состојбата.
Инаку вештачката акумулација Мантово е изградена во 1978 година на 15 километри од општините Радовиш и Конче и на 25 километри од Штип на површина од 4,5 квадратни километри со најголема длабочина од 40 метри.
Нејзината основна намена била да се наводнуваат земјоделските површина во Општина Радовиш и дел во Општина Конче, како и за технолошка вода за потребите на рудникот Бучим.

Поврзани содржини
Натпревар во спортски риболов се одржа на езерото Мантово во Општина Конче
„Авантурите на Конче и Мантово“, дводневен настан велосипедски тури, ќе се одржи на езерото Мантово
Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“, Долна Враштица
Спроведена еко акција Генералка Викенд 2022, на локација покрај езерото Мантово, собрани над 200 вреќи отпад
Еколошка акција “Генералка Викенд 2022” ќе се спроведе на езерото Мантово
Заклучок од ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, БРАНА МАНТОВО од Државниот инспекторат за животна средина
Радовиш
Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш
Published
6 дена agoна
септември 18, 2023By
Media Press
Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.
Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.
Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.
Радовиш
Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини
Published
1 недела agoна
септември 15, 2023By
Media Press
Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.
Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу 600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.
Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Радовиш
Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.
Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).
„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
