Македонија
Левица: Европската комисија потврди: Рамковниот балансер НЕ ГИ ИСПОЛНУВА ЦЕЛИТЕ
Published
1 година agoна
By
Media Press„Балансерот“, алатката за човечки ресурси, кој го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група, веќе не ги исполнува целите, стои во извештајот на Европската комисија, а за која реагира политичката партија Левица
„Забелешките на ЕК се однесуваат на многу прашања за кои Левица веќе има јавно реагирано, како на пример ЗЛОУПОТРЕБАТА на т.н „европско знаменце“ за да се прошверцуваат сомнителни закони без комисиска расправа. Комисијата, исто така, нотира дека власта ги нема земено во предвид препораките на Венецијанската комисија во однос на противуставната ДВОЈАЗИЧНОСТ, која ја воведе СДС за задоволување на големоалбанските апетити на шовинистичките албански партии.
Но, најголемата новост во овој извештај е мислењето на ЕК за фамозниот „етнички БАЛАНСЕР“ – најзлоупотребуваната алатка на необалистите од ДУИ. Во извештајот се вели:
„ „Балансерот“, алатката за човечки ресурси, кој го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група, веќе не ги исполнува целите, затоа што формулата не ги одразува пописните податоци за населението кое живее во земјата.” Комисијата дополнително утврдува дека паралелните процедури за вработување (поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор) може да ги поткопаат принципите на ефективност и да влијае на независноста на институциите“; стои во реакцијата од Левица.
Повеќе на следниот линк: https://www.facebook.com/PartijaLevica
Поврзани содржини
Левица: Владата да ги оспори пописните тезултати и да спречи БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА
Левица: ПИОМ е нерентабилен – постои ли опасност новата Влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија?
Таривата на нотарите енормно зголемена, партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните, реагираат од Левица
Левица: „Мајскиот договор“ е противуставен, ДПМНЕ зад затворени врати го факторизира владеењето на ДУИ од сенка
Левица: Партнерот на Мицкоски – Африм Гаши одби амандман затоа што не пишува „СЕВЕРНА“
Левица: ДПМНЕ ја устоличи противуставната двојазичност, отсега и ќе се казнува за нејзино неспроведување
Македонија
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати силна критика за владеењето на Христијан Мицкоски во првите 100 дена
Published
3 дена agoна
октомври 1, 2024By
Media PressПретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена не само што не го исполни ветувањето за раст на платите, туку просечната плата за прв пат после седум години бележи намалување, а не се зголеми ниту минималната плата.
За прв пат по седум години, платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари. Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместо 12% кои ги планираше СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите, рече Филипче, и потенцираше дека ваквите политики на актуелната власт целосно ги деградираат работниците и нивните права, ја враќаат политиката на евтина работна сила.
Додека платите паѓаат и стандардот се намалува, Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците. Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Во 100 дена Мицкоски изврши брутална партизација на институциите.
„Партиската книшка и лојалноста кон партијата беа предуслов за вработување во изминативе 100 дена од владината Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национални координатори и вдомување на партиските кадри. За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН“, истакна Филипче на прес -конференција.
Преземено од: https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/87325
Македонија
Мицкоски: Првите 100 дена се заокружуваат со покачување на пензиите на над 330.000 пензионери за 2500 денари и многу реализирани проекти
Published
3 дена agoна
октомври 1, 2024By
Media Press„Уште едно ветување на Владата станува реалност. Од денеска започна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2500 денари.
Иако ветувањето беше дека во првата година од мандатот ќе се покачат пензиите, Владата во првите 100 дена го реализира ова ветување.
Над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2500 денари, со што пензионерите конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард“, рече меѓудругото премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес – конференција.
Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата за одбележување на првите 100 дена од работата на новата Влада, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекуваше, а состојбите се далеку од идеални. За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.
Македонија
Мицкоски на првиот академски час до студентите: Вие сте иднината, со конкретни проекти ќе го унапредиме образованието
Published
3 дена agoна
октомври 1, 2024By
Media PressДенес, стојам пред вас не само како премиер, туку и како редовен професор на Машинскиот факултет при нашиот најреномиран Универзитет кој го носи името на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Универзитет кој отсекогаш бил центар на знаењето, развојот и иновациите во нашата држава, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешниот прв академски час пред студентите.
„Често се навраќам во просториите на мојот матичен факултет и денес со истата желба која ме водеше уште кога започнав како млад асистент пред повеќе од 2 децении.
Токму тука, во оваа академска средина го зацврстив моето претходно уверување дека образованието не е само процес на учење и пренесување знаења, туку дека е извонредно животно патување кое не завршува никогаш, туку само се надоградува, се менува и се прилагодува со текот на времето.
Како што рекол големиот филозоф Аристотел: „Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки“.
Ова е токму она што го гледаме денес – студентите се борат низ предизвиците на студирањето, но на крајот нивната упорност е она што ги води кон високи резултати кои ги надминуваат нивните почетни очекувања“, вели Мицкоски во својот говор.
Тој додаде дека нивна задача како држава е да создадат услови во кои овие „корени“ нема да бидат толку горчливи.
„Од таа причина, посветени сме на повеќе конкретни проекти кои ќе го унапредат квалитетот на високото образование.
Прво, планираме значително да го модернизираме инфраструктурниот капацитет на нашите универзитети. Веќе започнуваме со институционални ангажмани за натамошна реконструкција на лабораториите на некои факултети во дел од нашите Универзитети низ земјата, каде ќе се постават најсовремени опрема и технологии кои ќе им овозможат на студентите да стекнат практични вештини во склад со потребите на современата индустрија.
Второ, започнуваме со обликување на проект за дигитализација на универзитетската администрација со цел да ги олесниме процесите на пријавување, запишување и оценување. Ова ќе ја намали бирократијата и ќе им даде повеќе време на професорите и студентите да се фокусираат на она што е најважно – образованието.
Трето, ја промовираме програмата за интернационална соработка и размена на студенти. Студентите и професорите ќе имаат повеќе можности за студирање и истражување во странски универзитети, со цел да се разменат искуства и да се применат најдобрите практики од светот во нашето образование. Ова ќе ни помогне да го подигнеме нивото на компетентност и иновација во нашите институции.
Исто така, важно е да ги поддржиме нашите професори и да ги мотивираме да продолжат со својот научен развој. За таа цел, обезбедуваме зголемени средства за научно истражување и се залагаме за создавање на фондови за поддршка на научните проекти кои ќе го поттикнат развојот на нови технологии и иновации.
Драги студенти,
Вие сте иднината на оваа држава.
Секој од вас носи во себе потенцијал да направи промена, да креира нешто ново, нешто големо.
Свети Кирил и Методиј не е само име на нашиот универзитет, тоа е важен симбол на знаење, симбол на нашата култура и историја.
Искористете го ова време за да изградите нешто значајно за себе, за вашето семејство, за вашата земја.
Нашата цел е јасна, да создадеме образовен систем кој е во чекор со времето, кој ги задоволува потребите на општеството и пазарот на трудот, и кој ви дава можност да бидете глобално конкурентни.
И тоа ќе го направиме заедно – со вашата посветеност и со нашата поддршка“, додаде Мицкоски во својот говор.