Connect with us

Радовиш

Денеска е Преподобна Параскева, во народот позната како света Петка

Avatar

Published

на

Според житието  Параскева (Петка) била родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите Параскева го раздала целиот свој имот на бедните и се замонашила.

 „Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин… Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши“, стои во житието.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.На денешен ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

И во црковните храмови кои не го носат нејзиното име, на овој ден се одржува света божествена литургија. Света божествена литургија беше одржан и во Црковниот храм Света Троица во Радовиш.

Радовиш

Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2,  финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.  

Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.

Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.

Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.

Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу  600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.

Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Прочитај повеќе

Радовиш

Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш

Avatar

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.

Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).

„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Прочитај повеќе