Радовиш
Пронајдена дрога кај лица од Радовиш, при контроли на планината Плачковица
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
На 29.07.2023 година во 00.50 часот на паркинг простор на планина Плачковица полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода и Ј.Р. (26) од Радовиш и Ѓ.И. (29) од село Раклиш, радовишко, затоа што при преглед кај Ј.Р. бил пронајден кокаин. Во службен разговор извршен со него во полициската станица истиот признал дека кокаинот му го дал Ѓ.И. Лицата се задржани во полициската станица Радовиш.
Истиот ден во 20.00 часот на регионален пат Радовиш – планина Плачковица, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Д.З. (30) и С.К. (40) и двајцата од Радовиш. При преглед кај нив била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави.
Поврзани содржини
Две лица од Радовиш, лишени од слобода поради извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“…
До денеска трае јавниот повик за упис на членови за млади категории на ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – Радовиш
Пријава во Полициската станица Радовиш, била физички нападната
Приведен разбојник во Струмица, физички нападнал 63 годишна жена
Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл се случила во Радовиш
Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда на булевар „Александар Македонски“
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Седум работи кои можат да го оштетат видот без да знаеме!

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
