Радовиш
Пријава во Полициската станица Радовиш, била физички нападната
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Имено синоќа во 21.45 часот во Полициската станица Радовиш, М.К.(24) од Радовиш пријавила дека во Радовиш била физички нападната од Ј.Ѓ. исто од Радовиш.
„По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ информира СВР Струмица, ПО Радовиш.
Исто така вера во 14.20 часот во Полициската станица Струмица, А.К.(31) од Струмица пријавил дека околу 14.15 часот во Струмица бил физички нападнат од Н.Ш.. Полициска станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.
Поврзани содржини
Две лица од Радовиш, лишени од слобода поради извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“…
Пронајдена дрога кај лица од Радовиш, при контроли на планината Плачковица
Приведен разбојник во Струмица, физички нападнал 63 годишна жена
Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл се случила во Радовиш
Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда на булевар „Александар Македонски“
Радовишанец пријавил во полиција дека исчезнала неговата малолетна ќерка
Радовиш
Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Oрганизацискиот одбор на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ која ќе се одржи во Радовиш на 13, 14 и 15 октомври ги поканува сите заинтересирани субјекти за учество на манифестацијата, на координативен состанок.
,Oрганизацискиот одбор на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“, ги поканува сите заинтересирани субјекти (угостителски објекти, фурни, здруженија кои се регистрирани и обавуваат дејност поврзана со традиционалните радовишки специјалитети) на 02.10.2023 год. – Понеделник во 12:00 часот во Салата на Советот на општина Радовиш, на координативен состанок во врска со условите за учество на манифестацијата.
Радовиш
Две лица од Радовиш, лишени од слобода поради извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“…
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Вчера во 11.00 часот во Радовиш, полициски
службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода
Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела
„тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на
моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во
полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно
моторно возило на подрачје на Радовиш, како и една „кражба“ и едно одземање на
моторно возило на подрачје на Струмица. Кај него биле пронајдени возило и други
предмети, кои ќе бидат вратени на
сопствениците.
Е.Б. бил задржан во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по
целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна
пријава.
На 28.09.2023 во Полициската
станица Радовиш бил задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој бил лишен од слобода на
подрачје на Охрид по барање и телеграма на Полициската станица Радовиш, а кој
се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на
подрачје на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал
дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.
За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно
обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе
биде поднесена соодветна пријава информира СВР Струмица.
Радовиш
За прв пат Денот на рударите – 28 август ќе биде прославен заедно со граѓаните во центарот на Радовиш
Published
2 месеци agoна
август 18, 2023By
Media Press
За прв пат годинава Денот на рударите 28 Август и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица заштитничка на рударите, ќе биде одбележан со централен настан кој ќе се одржи во центарот на Радовиш.
Како што рече градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов на барање на општината, се договориле заедно со раководството на двата рудника Бучим и Боров Дол, прославата да се одржи во центарот на градот заедно со сите граѓани.
„Радовиш е рударски град и Денот на рударите треба да го прославиме сите заедно со рударите, нивните семејства и со останатите граѓани на Општина Радовиш. ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот’, рече градоначалникот Ристов.

Од рудниците потврдија дека за Денот на рударите и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, ќе се одржи голем концерт на Каролина Гочева. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во прекрасните изведби на Каролина, да се развеселат и да го празнуваат празникот.
„Пред големиот концерт, во делокругот на рудникот Бучим ќе се одржи мала официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, по што сите заедно со менаџерскиот тим ќе се преселиме на главниот настан во центарот на градот да го проследиме концертот на Каролина Гочева и да прославиме заедно со граѓаните“, рече прес секретарот на рудниците Бучим и Боров Дол, Кристина Крстева.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
