Радовиш

Општина Радовиш започна со обнова на спортската инфраструктура во градот

Општина Радовиш започна со обнова на спортската инфраструктура во градот, односно на градскиот стадион и на двојните тениски терени.

Како што информираат од општината овие активности се реалзириаат благодарение на одличната соработка на општина Радовиш со компанијата „ДЕТОНИТ“ ДООЕЛ а секако и со фирмата „ТРАЈАЛ“ од Крушевац.

Со директна финансиска помош од овие две компании, а во соработка и со Рудникот „Бучим“, Јавното претпријатие „Плаваја“ и ЈПССО „Радовиш 2014“, во наредните месеци интензивно ќе се работи на обнова на градскиот стадион во Радовиш и поставување на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, притоа не попречувајќи го нормалното одвивање на самите тренинзи и натпреварувања. Паралелно работиме и на подобрување на условите на двојните тениски терени“, соопштуваат од општината.

Од таму додаваат: „Обновата на спортската инфраструктура е важен приоритет, пред се за младите генерации и за раѓање на нови спортски таленти кои ќе ја претставуваат нашата општина на национален и меѓународен план.

Во наредниот период очекуваме поддршка и од Фудбалската федерација на Македонија и од Агенцијата за млади и спорт за подобрување на спортската инфраструктура со цел да ја докажеме важноста на спортувањето и квалитетен живот на младите“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago