Македонија
60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Објавено на
Од
Media Press
60 години од скопскиот земјотрес кој претставува природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути. Земјотресот е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија, со измерени 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.
Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле веќе сохранети од своите роднини пред да ги евидентира Службата. Точната евиденција за повредените била вкупно 2.900 луѓе, од кои што 1.110 биле тешко повредени (преку 300 од нив се уште биле згрижени и до месец и половина во болниците и клиниките), а околу 800 луѓе останале инвалиди. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.
За првпат во периодот на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, американски и советски воени сили заеднички им помагале на скопјани.
Неколку месеци порано во Скопје настанала поплава од катастрофални размери, којашто уништила многу материјални добра, иако во самиот град поминала без човечки жртви. Буицата на реката Вардар ги срушила куќите на неколку стотици скопјани. Овој настан се смета за предвесник што хипотетички придонел за Скопскиот земјотрес.
Поврзани содржини

Земјотрес со јачина 4,6 степени според Рихтеровата скала, синоќа беше почувствуван во Скопје

Рано утрово почувствуван земјотрес во Штип и околината

Бројот на загинати во катастрофалот земјотрес во Турција и Сирија се искачи на над 43.000

За медицинска помош во Турција, се пријавиле околу 150 здравствени работници на јавниот повик на министерот Сали

Деветте македонски државјани го напуштиле погоденото подрачје од земјотрес во Турција

Телефонски броеви за помош на македонски граѓани во Турција по разорниот земјотрес кој се случи утринава

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

