Connect with us

Радовиш

Почина Дане Вучков, кој беше и дел од шампионскиот тим на БК Бучим Јака, ОК ВМРО-ДПМНЕ -Радовиш изразува сочувство за нивниот сопартиец и ветеран

Avatar

Published

на

„Со жалост ја примивме тажната вест по кратко боледување не напушти Дане Вучков нашиот Ветеран голем патриот за својата Република Македонија неговите големи дела нема да се заборават ти благодариме за се сопартиецу и пријател за времето поминато во ВМРО-ДПМНЕ почивај во рајот божји сочуство до семејството“. ОК ВМРО-ДПМНЕ -Радовиш

Инаку Дане Вичков кој почина по кратко боледување на 67-годишна возраст беше активен чинител на Боречкиот клуб Бучим Јака од Радовиш дел од шампионскиот тим кој го доведе Радовиш до европското злато во 1995 и светското злато во 1996 година.

Бучим дојде до светската титула по победите против Чепел од Унгарија, Тедаш од Турција и легендарниот американски шампион Дејвид Шулц.

Афирмирајќи ја Македонија со светски спортски успех, претворајќи го личниот сон во колективен и национален. Вучков беше неизоставен дел Бучим, тешкаш кој носеше клучни победи, воедно повеќекратен шампион на нашата земја во поединечна и екипна конкуренција.

Погребот на Дане Вучков ќе се изврши на 24.07.2023 (понеделник) во 12 часот на градските гробишта во Радовиш.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе