Connect with us

Македонија

МНР: Засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја од пожарот во Грција

Avatar

Published

на

Во врска со големите пожари кои ја зафатија соседна Грција, засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при евакуација, според последните информации од дипломатско – конзуларните претставништва на Македонија во Грција, информира МНР.

Македонската амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните институции на Грција. Илјадници туристи во островот Родос се на безбедно место, но засега не може да се потврди државјанството на евакуираните лица.

Министерството за надворешни работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја. 

Министерството за надворешни работи на Грција од денес во 17.00 часот ќе постави Help Desk на меѓународниот аеродром во Родос за да ја олесни соработката со странските амбасади и навременото заминување на туристите кои ги изгубиле личните документи.

За повеќе информации, на располагање се дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

Инаку на грчкиот остров Родос утрово повторно се разгорело жариштето во близина на селото Асклипио во југоисточниот дел на островот. Огненеите јазици се приближиле и до првите домови.

Македонија

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Avatar

Published

на

Во Собранието усвоена Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 – обезбедени средства за зголемени пензии, К-15, субвенции за земјоделци, за здравствена заштита

 Собранието вчера ја усвои Предлог-ослуката за препраспределба на средства во Буџетот за 2023 година. Со Одлуката се прераспределуваат 18,2 милиони за исплата на повисоките плати, зголемени пензии, регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор,  социјални права, субвенции за земјоделци, за здравствена заштита, односно лекот „Трикафта“ и мерачи за лицата со дијабет, како и средства за нов пакет антикризни мерки.

„Со Одлуката вршиме реалокација на средства во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачување на платите во јавниот сектор за 10% и обезбедување на К-15 согласно Одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор, пораст на пензиите за околу 6% согласно воспоставеното системско решение, зголемување на средствата  за социјални трансфери, субвенции за земјоделците, поддршка на домашните и странските компании и обезбедување средства за деветтиот пакет на антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните, за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци, а истовремено да ја задржиме и развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво на планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. На ваков начин продолжуваме со стратегијата за заздравување на економијата пред се, преку заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и преку забрзување на економскиот раст“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими при образложување на предлогот во Собранието.

Министерот потенцираше дека со Одлуката се врши реалокација на 18,2 милијарди денари кои се обезбедени по основ на заштеди од помалку реализираните расходи кај одредени буџетски корисници, како и со дополнително обезбедените средства по основ на КАПЕФ механизмот и дека со ова се обезбедува сигурна ликвидност во Буџетот и сервисирање на обврските.

Со Предлог-одлуката за исплата на зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за 10% и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари се обезбедени 4,25 милијарди денари, за пораст на  пензиите за околу 6% за 336 илјади пензионери почнувајќи од месец септември 2023 година 3,5 милијарди денари, 1,81 милијарда денари за државна помош за компании и тоа: за домашни компании 581 милион денари, за странски компании 200 милиони денари и за компании и инфраструктурно уредување во ТИРЗ зоните  300 милиони денари, 800 милиони денари се наменети за земјоделски субвенции, пред се за субвенции за млеко, сточарско производство, како и за авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство, 650 милиони денари за исплата на МОЈ ДДВ за третиот квартал заради зголемувањето на лимитот на повратот, 600 милиони денари за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантирана минимална помош, 290 милиони денари се наменети за исплата на студентски оброк за 29.000 корисници, стипендии за 6.900 студенти и 9.600 ученици, 200 милиони денари за  редовно сервисирање на породилните боледувања, 166 милиони денари за превод, печатење и откуп на учебници за основно и средно образование, 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, како и 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест.

Со одлуката, исто така се алоцирани, 4,55 милијарди денари во Програмата П1 средства наменети  за антиркизни мерки за справување со кризата.

Прочитај повеќе

Македонија

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ

Avatar

Published

на

„Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.

Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот“ стои во соопштението од МВР. 

Прочитај повеќе

Македонија

Приведени тројца криумчари на мигранти, едниот бегајќи од полиција удрил во наплатна станица Смоквица и во столб

Avatar

Published

на

На 12.09.2023 во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје. Околу 19.45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во рампа од наплатната станица Смоквица, продолжил со движење и во село Негорци удрил во столб и застанал.

Во возилото биле пронајдени 16 лица мигранти, од кои еден се здобил со тешки телесни повреди, а двајца со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
С.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Исто така кај Миравци биле приведени две лица, во возилото пронајдени петмина мигранти. Вчера околу 19.00 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Претходно, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан).

Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


         

Прочитај повеќе