Connect with us

Василево

Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево

Avatar

Published

на

Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.

Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.

На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман  доби дрес, Трајче Димитров  од екипата на Спорт лајф  за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.

На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени  медали.

„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на  општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.

Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.

Василево

Членовите на Кик бокс клубот К1 Арена од Василево, на средба со Градоначалникот

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со дел од членовите на  Кик бокс клубот К1 Арена, кои од 14.06 до 16.06. 2024 година, во Унгарија, Будимпешта, ќе учествуваат на 29-тиот Светски куп во Кик бокс. Нивното учество на ова натпреварување е поддржано и од членовите на Советот на општина Василево, кои на последната Седница донесоа Одлука за финансиска поддршка на  овој клуб.


„Се сретнав со нашите сограѓани членови на кик бокс клубот К1 Арена, Пепи Велков, Никола Колев, Стојан Митев и Христијан Колев кои ќе учествуваат на 29-тиот HUNGARIAN KIKBOXING WORLD CUP 2024 во Будимпешта. Сигурен сум дека нашите борци ќе постигнат одлични резултати кои секако ќе се должат на напорните тренинзи, континуитетот и посветеноста кон овој спорт.  Кога се има цел, и упорно се работи, резултатите се постигнуваат. Поддршка ќе имаат и во иднина. Како градоначалник и општина секогаш ќе бидеме на страната на спортот. Спортистите се нашите најдобри промотори“, вели градоначалникот Андонов.

Прочитај повеќе

Василево

Започнаа градежните активности на улица во Пиперево

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, направи увид во градежните активности на улицата во Турското маало во с. Пиперево, за која како што напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  е долгогодишно барање на граѓаните. „Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните“, стои во информацијата на Градоначалникот.

Изградбата на оваа улица е планира со Програмата за изградба, реконструкција и одржување налокални патишта и улици во општина Василево за 2024 година, а средствата за нејзина реализација кои согласно Договорот со изведувачот изнесуваат 380 042 денари се обезбедени од општинската каса.

Должината на улицата изнесува 95 метри, ширината 3 метри. Следната фаза која е всушност и финална е асфалтирањето, кое треба да биде извршено во текот на периодот што следи.

Прочитај повеќе

Василево

Во Добрашинци и Чанаклија, започнаа Велигденските турнири во мал фудбал

Avatar

Published

на

Во населеното места Добрашинци и Чанаклија започнаа Велигденските  турнири  во мал фудбал кои  традиционално се одржуваат по повод големиот христијански празник Велигден. Покровител на турнирите  е општина Василево.
На официјалниот старт на турнирот во Добрашинци присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„Турнирот во Добрашинци секогаш ќе ја има подршката од општина Василево. Им посакувам успех на сите пријавени екипи и се надевам дека целиот турнир ќе се одвива во фер и спортска атмосфера и ќе победи најдобриот“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот, кој со првиот шут на топката го означи официјалниот старт  на турнирот.
За учество во овој турнир пријавени се вкупно 13 екипи, распоредени во четири групи и тоа:
Група А: Вистони ЖП Босилово,  Васе Чомбе,  Чанаклија,  Брониер, ФК Дрвош,
Група Б: Васфил Сонце Нова Маала,  ФК Добрашинци, Такси Стево Добрашинци,
Група В: Љута Иловица, Злеово, Блатанс пром Добрашинци,
Група Г: Едрениково, Душко Петров, ЦТ-Инстал.
Натпреварите се играат на игралиштето во с. Добрашинци со почеток во 20,00 часот.
Во Чанаклија  натпреварите се играат на новото повеќенаменско игралиште. Финалните натпревари ќе се одиграат во недела на 05 мај, првиот ден на празникот Велигден.

Прочитај повеќе