Радовиш
До денеска истекува рокот за пријавување за учество во Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
До денеска истекува рокот за пријавување за учество во Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш, кој по три години пауза повторно ќе се оганизира.
Турнирот ќе започне на 26 јули а ќе трае до 12 август, а пријавувањето на екипи за учество на меморијалниот турнир во мал фудбал ќе трае до 24 јули.
Организатори на турнирот се Ангел Јованов, Илија Данаилов, Аце Апостолов, Зоран Манасиев и Ристе Коцев.
Учество на екипи: 3.000 денари.Телефон и информации за пријавување: 071 663 124 (Илија), 071 320 754 (Аце) и 070 490 663 (Ангел).
Генерален спонзор на турнирот е дијаспората на С. Ињево, а се организира по повод сообраќајна несреќа на нивни сограѓани спортисти, која се случила пред 20 години, во август 2003 година.
За турнирот се предвидени и богати награди.
ПРВО МЕСТО: 120.000 денари.
ВТОРО МЕСТО: 60.000 денари.
ТРЕТО МЕСТО: 30.000 денари.
ЧЕТВРТО МЕСТО: 15.000 денари.
Награди ќе добијат и најдобриот играч, најдобриот голман и најдобриот голгетер.
Поврзани содржини

Заврши Меморијалниот турнир Трајчо Петров

Започнува Меморијалниот турнир во фудбал, Трајчо Петров во Василево

До утре 19.07, последен термин за пријавување на екипи за МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР 2003 -2025 во Ињево

Во ООУ ,,Орце Николов” с.Ињевo се спроведе симулациска вежба за евакуација и спасување на учениците и вработените при пожар во училиштето

На клучката кај Ињево, радовишко, при контрола пронајдена марихуана, лишени од сллобода четири лица

ООУ „Орце Николов“ од Ињево организира хуманитарна акција во храна и облека ,,Биди хуман за подобро утре”
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

