По објавената јавна реакција од претседател на месната заедница Изведен во Ораовица, заедно со советниците, дека има проблеми со водоснабдувањето во селото и дека е реагирано во ЈП Плаваја, како медиум побаравме одговор од ЈП Плаваја од каде ни одговорија дека проблеми со водоснабдувањето има само за одредени куќи во повисоките зони и дека за една недела е потрошено 3 пати повеќе вода од претходно во село Ораовица.
„Јавно ги замолувам и ги повикувам ЈП Плаваја како надлежни за
водоснабдување да преземат мерки односно да дојдат на терен на лице место и да
го решат проблемот на сите граѓани на селото во спротивно ние граѓаните ќе мора
да превземеме други мерки. Секој граѓанин МОРА да има вода за пиење особено во
период на екстремно високи температури“, стои во реакцијата од МЗ Изведен од Ораовица.
Според
информациите добиени од раководството на ЈП Плаваја дознаваме дека екипи на претпријатието
ги провериле сите пумпни станици и црпни места, како
и прочитани мерачи на испумпана вода.
„Прочитани се сите мерачи на испумпана вода и таа е 3 пати
поголема од состојбата минатиот четврток кој ден е како репер за појава на
дестабилизација на водоснабдувањето, за што предупредивме со апел до
корисниците.
На сите места произведената вода по
глава на жител ги надминува неколку пати меѓународно прифатените количини на
вода во цивилизираниот свет.
Заради зголемена потрошувачка и
трошење на водата за разладување и полевање секаде трпат високите зони, тие се
први на удар на секоја безпотребно отворена чешма која треба да истече најмалку
10-20 литри за да се добие ладна вода 200ml.
Единствено во Ораовица имаме индикации
за можен дефект кој денес не е појавен површински, затоа во текот на утрешниот
ден ќе вршиме реонизација во населеното место како би ја утврдиле пошироката
зона во која е можниот дефект“ стои во одговорот од ЈП Плаваја од
каде апелираат на свесност во врска со трошењето на водата за пиење.
„На крај останува само да се надеваме дека конечно ќе проработи свеста и ќе почнете одговорно да се однесувате кон вашите соседи, роднини и пријатели кои не можат да се измијат, да одат во тоалет, ниту да се напијат вода, а вие веќе два три пати разладувате низ вашите дворови, го наводнувате парковите и ги полните базените“ се вели во апелот.
Општа препорака: „Да се грижиме за секоја капка вода, бидејќи таа живот значи“