Воведена делумна забрана за движење во шума, за непочитување на одредбите од Законот за шумите, на физички лица кои се затекнати да се движат во шума ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Владата, на предлог на Министерството
за земјоделство, шумарство и водостопанство, почнувајќи од вчера 17.07.2023 година ги задолжи
корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за
шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна
согласност од надлежното министерство.
Секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30 те подружници на Национални шуми.
Националните паркови ( Пелистер, Галичица, Шар Планина, Парк шумата Водно) се посебни субјекти и Национални шуми за нив не издаваат дозвола и не забрануваат.
„Ланската година се случија најголемите пожари во поновата историја, а штетата од тие шумски пожари се проценува на некаде 7 милиони евра (само за Национални шуми ). Штетата за наредните години е непроценлива, бидејќи изгоре дрвна маса од 380.000 м3.
Воведената делумна забрана за движење во шума е превентивна мерка и нема никакви други намери“ соопштуваат од ЈП Национални шуми.
За непочитување на одредбите од
Законот за шумите, на физички лица кои се затекнати да се движат во шума ќе им
се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, согласно
член 106 од Законот за шумите.
Исто така, се известуваат сите граѓани
на Република Македонија дека е забрането палење на стрништа, плевел и други
растителни отпадоци во ловиштата, согласно Законот за ловството и друг
земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на
шумски пожари.
Во случај на пожар или друга
елементарна непогода повикај :
193 – Противпожарна единица