Радовиш
МЗ Изведен: Да се реши прблемот со водоснабдување во Ораовица, ЈП Плаваја: Потрошувачката на вода е зголемена за 3-пати во селото
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
По објавената јавна реакција од претседател на месната заедница Изведен во Ораовица, заедно со советниците, дека има проблеми со водоснабдувањето во селото и дека е реагирано во ЈП Плаваја, како медиум побаравме одговор од ЈП Плаваја од каде ни одговорија дека проблеми со водоснабдувањето има само за одредени куќи во повисоките зони и дека за една недела е потрошено 3 пати повеќе вода од претходно во село Ораовица.
„Јавно ги замолувам и ги повикувам ЈП Плаваја како надлежни за водоснабдување да преземат мерки односно да дојдат на терен на лице место и да го решат проблемот на сите граѓани на селото во спротивно ние граѓаните ќе мора да превземеме други мерки. Секој граѓанин МОРА да има вода за пиење особено во период на екстремно високи температури“, стои во реакцијата од МЗ Изведен од Ораовица.
Според информациите добиени од раководството на ЈП Плаваја дознаваме дека екипи на претпријатието ги провериле сите пумпни станици и црпни места, како и прочитани мерачи на испумпана вода.
„Прочитани се сите мерачи на испумпана вода и таа е 3 пати поголема од состојбата минатиот четврток кој ден е како репер за појава на дестабилизација на водоснабдувањето, за што предупредивме со апел до корисниците.
На сите места произведената вода по глава на жител ги надминува неколку пати меѓународно прифатените количини на вода во цивилизираниот свет.
Заради зголемена потрошувачка и трошење на водата за разладување и полевање секаде трпат високите зони, тие се први на удар на секоја безпотребно отворена чешма која треба да истече најмалку 10-20 литри за да се добие ладна вода 200ml.
Единствено во Ораовица имаме индикации за можен дефект кој денес не е појавен површински, затоа во текот на утрешниот ден ќе вршиме реонизација во населеното место како би ја утврдиле пошироката зона во која е можниот дефект“ стои во одговорот од ЈП Плаваја од каде апелираат на свесност во врска со трошењето на водата за пиење.
„На крај останува само да се надеваме дека конечно ќе проработи свеста и ќе почнете одговорно да се однесувате кон вашите соседи, роднини и пријатели кои не можат да се измијат, да одат во тоалет, ниту да се напијат вода, а вие веќе два три пати разладувате низ вашите дворови, го наводнувате парковите и ги полните базените“ се вели во апелот.
Општа препорака: „Да се грижиме за секоја капка вода, бидејќи таа живот значи“
Поврзани содржини
Општина Радовиш започна со уредување на кејот на Ораовичка река
Денеска се празнува свети Атанасиј Велики- летен, празник на црковниот храм во Ораовица
Негување на традицијата и обичаите за Лазара или Цветници, проектна активност на ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица
Поставен камен темелник на камбанаријата во дворот на црковниот храм Св.Атанасиј во Ораовица
Во недела свечено ќе биде удрен камен темелник на камбанарија во дворот на црковниот храм Свети Атанасиј, во Ораовица
Одбележани 10 ГОДИНИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО на манастирскиот храм “Свети Ѓеоргиј” во Ораовица
Радовиш
Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш
Published
6 дена agoна
септември 18, 2023By
Media Press
Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.
Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.
Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.
Радовиш
Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини
Published
1 недела agoна
септември 15, 2023By
Media Press
Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.
Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу 600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.
Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Радовиш
Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.
Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).
„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
