Во насока на справување со најавените
високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите
да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа , да го намалат и
исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот ,
како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето
на работниците во овие услови.
„Од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните , хронично болните и бремените работнички .
Значењето на животот и здравјето на
работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна
важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и
граѓаните, тие се двигатели на општеството.
Работодавачи зачувајте го здравјето на работниците тие се ваши партнери!
Работници почитувајте се ,
спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа , а доколку тоа
право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник ,
претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд!
Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: prijavi@ssm.org.mk“, стои во апелот ос ССМ.
Инаку од 13 јули до недела прогласена е портокалова фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население.