Препукувања помеѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, кој ја даде првата концесија за рудник Иловица?
По одржаните протести во саботата во Струмица, против отварање на рудникот Иловица-Штука, по донесувањето на одлуката во Влада за спојување на двете концесии, двете најголеми политички партии започнаа со препукување кој е виновен за давањето концесија за отварање на рудник Иловица.
Како рекација на изјавата на министерката а труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која беше дел од протестот против отварање на рудникот и обвинувањата дека проблемот со Иловица настанал од ДПМНЕ и Груевски, од ВМРО ДПМНЕ со реакција:
„СДСМ среде Струмица ги штитат бизнис интересите на ДУИ.(Реакција на прес конференција на министерка Тренчевска и СДСМ Струмица).
Криминалните пипци на овој тандем за тендери и матни бизниси стигна и во Струмица. Тајно спојуваат концесии, а потоа лажно се преставуваат пред струмичани, за душегрижници. Тоа е лицемерието на оваа партија. Еве како стојат фактите:
1. На 4 мај 2004 тогашниот Влада на СДСМ и
заменик-премиерот Радмила Шекеринска потпишаа одлука за давање концесија во с.
Иловица со што се овозможи отварање на рудник во Иловица.
2. На 5 јуни 2023 на седнциа на Влада на СДСМ предводена од
Димитар Ковачевски се носи одлука за спојување на концесиите за рудник во
Иловица.
3. На 11 јуни 2023, советниците на СДСМ во Општина Струмица
гласаат против ставање на дневен ред на точка поврзана со рудници во Струмица.
Иловица е интересот на ДУИ кој го штити СДСМ. Со кое лице СДСМ Струмица зборува против рудник во Иловица кога цела власт е во нивни раце, а тие ги носат одлуките за отварање на рудник“.
Од СДСМ пак
возвраќаат:
„Проблемот со Иловица го создадоа ДПМНЕ и Груевски, на кого Мицкоски му беше советник. Безобразие е Мицкоски од криминалната ДПМНЕ која го создаде проблемот да зборува за Иловица. Проблемот со Иловица го создаде токму неговата ДПМНЕ, неговиот Никола Груевски на кого му беше советник.
Во 2012 и 2013 година се започнати
сите постапки за Иловица и доделени првите концеции.
Постапката за отворање на рудник во
Иловица и склучувањето на договорот за концесија од страна на Владата на Никола
Груевски и ДПМНЕ, во време кога Мицкоски беше негов советник.
И денеска Мицкоски ли ќе зборува за Иловица? Па има ли поголем безобразлук Мицкоски некого да обдинува? Криминалец да обвинува за криминал?
Со години СДСМ се обидува да ја
исправи неправдата врз граѓаните создадена од ДПМНЕ и заглавена во судски
лавиринти.
Ставот на СДСМ за Иловица е ист како
ставот на граѓаните од овој регион и не е променет, ќе се преиспитаат одлуките
и нема да се дозволи загрозување на животната средина и постапки против волјата
на народот“
стои во реакцијата од СДСМ.
Инаку Еколошкото
здружение
Здрава Котлина – Струмица
и Еколошкото
здружение
Еко Долина – Ново Село, како организатори
на протестот
против рудникот
Иловица-Штука кој се одржа во саботата на 15 јули во Струмица, велат дека и покрај екстремно
високите температури и период на летни одмори , сепак на протестот
присуствуваа повеќе од 2500 луѓе претежно од Струмица и Струмичко со значителен
број на гости од цела Македонија.
На протестот помеѓу народот што
протестираа беа присутни министерки, пратеници, градоначалници, советници,
претставници и раководства на политички партии, разни организации, Црквата со
владиката Јаков и многу активисти од цела Македонија.
„Затоа, заради заштита на јавниот
интерес, здравјето на луѓето и животната средина, го бараме следното:
1. Итно и неодложно одземање на
криминално споените концесии за рудникот Иловица-Штука, поради прекршување на
Законот за минерални суровини во однос на условите за добивање концесија и за
спојување на концесии. Особено отежнувачка околност е залогот врз концесијата
во финансиска кредитна трансакција со Ројал Голд, кој се јавува како трето
лице. Целата оваа конструкција не е законска!
2. Разрешување на претседателите на
Управен суд и на Виш Управен суд, поради тенденциозна погрешна примена на
законите и постапките, како и поради носење дијаметрално различни пресуди во
зависност од моментот. Кулминацијата беше последната пресуда за враќање на
концесијата, што е различна од сите претходни 11 пресуди во пинг-понг процесите
изминатите 4 години, а е директно поврзана со влезот на НД Груп со 25% удел во
Еуромакс Ресурси.
3. Одговорност од сите одговорни лица
од Владата и од надлежните министерства што биле вклучени во овој нелегален
процес на спојување на концесиите. Сите што се огрешиле пред законот треба да
бидат соодветно санкционирани, зашто е очигледно груба манипулација тврдењето
дека спојувањето е принудно поради одлука на судот. Во пресудата е јасно
наведено дека судот одбива да ги спои концесиите и дека тоа е дискрециона
одлука на Владата, дали ќе ги спои или не.