Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и официјално е промовиран како ново засилување на Интер Мајами.
На Флорида се одржа вистинска
забава за Меси, но и за Серхио Бускетс, кој исто така беше претставен пред
навивачите на тој тим од МЛС.
Меси ќе игра за најслабиот тим
во првенството таму дури од август, кога ќе продолжи натпреварувањето.
„Благодарам на сите луѓе во Мајами за дочекот и
приемот откако пристигнав. Многу сум возбуден што сум со вас. Би сакал да им се
заблагодарам на челниците на клубот што направија се да оди без проблеми и што
направија да се чувствуваме како дома. Сакам да почнам да тренирам, да се
натпреварувам и навистина сакам да победувам и овој клуб да расте“, изјави Меси пред публиката на стадионот „ДРВ ПНК“.
Ниту челниците на новиот клуб
на Меси не го криеја задоволството.
“Кога
Дејвид (Бекам) и јас се сретнавме за прв пат, сонувавме за Интер и почнавме со
слободата да сонуваме. Сонувавме не само за елитните играчи, туку и за
најдобриот играч кој некогаш играл фудбал и неговото име е Лео Меси”.
Сопственикот на Интер Хорхе Мас .
Своите впечатоци ги сподели и
неговиот колега Дејвид Бекам.
„Пред
десет години, кога ја започнавме оваа авантура за градење нов тим во Мајами, реков
дека сонував да ги доведам најдобрите играчи во светот. Играчи кои ја споделија
мојата амбиција кога дојдов во ЛА Галакси, да работам на развојот на фудбалот
во САД и да изградиме наследство за идните генерации во спортот што толку многу
го сакаме. Денес, тој сон се оствари. Не можев да бидам посреќен што играч од
калибарот на Лео се приклучи на нашиот клуб“, рече Бекам .