Струмица
На регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Владевци запалена цистерна која превезувала дизел гориво
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Денес, (петок) 14.07.2023 година во 09.18 часот, на регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Владевци, ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 6 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена цистерна која превезувала дизел гориво. Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран информираат од ТППЕ од Струмица.
Поврзани содржини
Здравствен Дом – Радовиш ја отстрани старата и инсталира нова цистерна за нафта, во тек се и други активности
Предизвикан пожар на паркинг простор на улица „Индустриска“ во Радовиш, интервенирала ТППЕ
Утре, симулациска вежба во ООУ „Никола Карев“-Радовиш
Изгоре дел од кровната конструкција на куќа во Конче, при предизвикан пожар
ТППЕ од Радовиш викендот интервенирала на повеќе пожари на отворен простор
Тактичко-показна вежба за спасување и евакуација од пожар на ТППЕ, Радовиш во соработка со Црвен Крст, Радовиш
Струмица
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица
Published
2 недели agoна
септември 11, 2023By
Media Press
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.
За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Струмица
Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата
Published
2 недели agoна
септември 5, 2023By
Media Press
Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Струмица
Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село
Published
4 недели agoна
август 25, 2023By
Media Press
Вчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
