Конче
Општина Конче го одбележа својот празник,12 Јули, Петровден
Published
2 месеци agoна
By
Media PressОпштина Конче денеска го одбележа празникот на општината 12 Јули Петровден. По тој повод беше организирано свечено пуштање во употреба на новоизградени објекти во Општина Конче. Свечено беа пуштени во употреба новоизградениот манастирски конак во манастирот Свети Стефан во Конче на кој веќе е завршена изградбата и преадаптираната новоизградена сала за венчавање и за одржување на седници на Совет во состав на Општинската зграда, по што градоначалникот Златко Ристов изврши прием на поканети гости.

На свечената седница на Советот на Општина Конче градоначалникот Златко Ристов спомна дел од реализираните проекти и проекти кои се во тек, по што беа доделени признанија и благодарници на повеќе правни и физички лица, за успешна соработка и промоција на општина Конче, на деловни соработници, спортисти и спортски клубови како и златна плакета на рудникот Боров Дол.
Во чест на 27 годишнината од востанувањето на Општина Конче неколку делегаци положија свежо цвеќе на спомен обележјето во Конче.
Програмата заврши со настап на културно уметнички друштва во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче, каде беше организиран и натпревар во најдобро подготвена традиционална храна, кој по втор пат се одржува во организација на Здружението на жени Конечанка. Присутните имаа можност да вкусат од прекрасните традиционални специјалитети, а жири комисијата изврши избор на група за најдобро подготвена трпеза.
Поврзани содржини
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Понеделник, 28 август е неработен ден
Денеска се празнува Св. Пантелејмон кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник
Второ прскање против комарци во општините Радовиш и Конче, во четврток и петок
Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден
Конче
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Published
3 недели agoна
септември 4, 2023By
Media Press
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.
Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.
Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.
„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.


Конче
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци
Published
2 месеци agoна
јули 25, 2023By
Media Press
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.
„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
