Конче
Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Општина Конче се подготвува за одбележување на денот на Општината 12-ти Јули Петровден кој и годинава ќе го одбележи со повеќе активности. Програмата за одбележување ќе започне од вторник 11 јули со спортски натпревар во борење слободен стил и Фолклорна вечер – сплет на ора и песни настап на Културно уметнички друштва.
Во чест на 27- годишнината од востанувањето на Општина Конче главните активности ќе се одржат во среда на 12-ти јули Петровден. Во 10;30 часот ќе се органзира свечено пуштање во употреба на ново и зградени објекти во Општина Конче. Потоа ќе биде органзиран прием кај градоначалникот по што ќе следува Свечена седница на Советот на Општина Конче и доделеување на награди признанија и дипломи.
Ќе биде положени и свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во Конче.
Програмата ќе заврши со настап на културно уметнички друштва во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче каде присутните ќе имаат можност да вкусат и од прекрасните традиционални специјалитети на традиционалната трпеза, која по втор пат ќе се организира во организација на здружението на жени.Ќе биде извршен и избор на групи за најдобро подготвена традиционална храна.
Во вечерните часови ќе биде организиран и финален натпрева во мал фудбал.


Поврзани содржини
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Второ прскање против комарци во општините Радовиш и Конче, во четврток и петок
Општина Конче го одбележа својот празник,12 Јули, Петровден
Ваучер од по 3.000 денари за сите завршени деветоодделенци во Општина Конче
Натпревар во спортски риболов се одржа на езерото Мантово во Општина Конче
Конче
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Published
3 недели agoна
септември 4, 2023By
Media Press
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.
Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.
Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.
„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.


Конче
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци
Published
2 месеци agoна
јули 25, 2023By
Media Press
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.
„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
