Радовиш
Започна асфалтирањето на улицата во село Калуѓерица
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Започна асфалтирањето на улицата во село Калуѓерица во Долна Маала, долга околу половина километар, која Општина Радовиш ја гради од соствениот буџет.
Оваа улица се гради на барање на граѓаните, со што ќе им се олесни пристапот до нивните домови но и до фирмите кои работат во овој дел од селото. Станува збор за лепеза од две улици кои се спојуваат.

Градоначалникот Ацо Ристов кој беше во посета на село Калуѓерица пред неколку дена рече дека очекува улицата да биде асфалтирана во законски предвидениот рок со што и се исполни ветеното, улицата започна да се асфалтира.
Минатата година како што рече градоначалникот Ристов се градеше улица во Горна Маала во Калуѓерица и се тампонираа неколку помали улици, а се среди и пристапниот пат до селските гробишта, што беше и барање на граѓаните, оваа година се инвестира во Долна Маала.

Поврзани содржини
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Асфалтиран дел од улицата покрај Домот на културата во населеното место Василево
Во завршна фаза е изградбата на две нови улици во Калуѓерица
Започна изградбата на улица во Едрениково од Програмата за патишта за 2023 на Општина Василево
Со асфалтирање на улицата во Пиперево, Општина Василево за оваа година ги завршува планираните асфалтирања
Општина Василево започна со изградба на нова улица во Градашорци
Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
5 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
