Connect with us

Струмица

Големо невреме ја зафати Струмица вчера попладне

Avatar

Published

на

После големото невреме што вчера поладне ја зафати Струмица, ТППЕ Струмица веднаш реагираше и мобилизира 25 пожарникари-спасители и сите расположиви технички средства.

„Досега имаме преку 60 пријави, сите екипи се на терен и работат на испумпување на водата од поплавените простории. Кај секој граѓанин кој што има пријавено поплавени простории ќе биде реагирано и никој нема да биде оставен без помош. Молиме за разбирање бидејќи се работи за големи количества на вода и е потребно време за истата да биде испумпана“, апелира ТППЕ Струмица, чии вработени пожарникари работеа во текот на ноќта за да им помогнат на граѓаните.

Струмица

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица

Avatar

Published

на

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.

За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Прочитај повеќе

Струмица

Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата

Avatar

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село

Avatar

Published

на

Вчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе