Connect with us

Радовиш

ОВР Радовиш со превентивни активности за заштита од шумски пожари во летниот период

Avatar

Published

на

ОВР Радовиш со превентивни активности за заштита од шумски пожари во летниот период.

Во текот на вчерашниот ден (02.07.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, при СВР Струмица, на подрачјето на Радовиш ја спроведоа превентивната активност што МВР започна да ја реализира во изминатиот период, во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“, посветена на превенцијата од шумски пожари во летниот период под мотото „Пламените јазици се незапирливи“.

Преку делење на едукативни летоци граѓаните беа запознаени со неопходноста од заштита на шумите, како заедничка одговорност на сите, посебно во летниот период од годината, а беа информирани и за последиците и законските санкции од предизвикување шумски пожари, како и потенцијалните штети по шумскиот фонд и животната средина.

Радовиш

За прв пат Денот на рударите – 28 август ќе биде прославен заедно со граѓаните во центарот на Радовиш

Avatar

Published

на

За прв пат годинава Денот на рударите 28 Август и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица заштитничка на рударите, ќе биде одбележан со централен настан кој ќе се одржи во центарот на Радовиш.

Како што рече градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов на барање на општината, се договориле заедно со раководството на двата рудника Бучим и Боров Дол, прославата да се одржи во центарот на градот заедно со сите граѓани.

„Радовиш е рударски град и Денот на рударите треба да го прославиме сите заедно со рударите, нивните семејства и со останатите граѓани на Општина Радовиш. ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот’, рече градоначалникот Ристов.

Од рудниците потврдија дека за Денот на рударите и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, ќе се одржи голем концерт на Каролина Гочева. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во прекрасните изведби на Каролина, да се развеселат и да го празнуваат празникот.

„Пред големиот концерт, во делокругот на рудникот Бучим ќе се одржи мала официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, по што сите заедно со менаџерскиот тим ќе се преселиме на главниот настан во центарот на градот да го проследиме концертот на Каролина Гочева и да прославиме заедно со граѓаните“, рече прес секретарот на рудниците Бучим и Боров Дол, Кристина Крстева.

Прочитај повеќе

Радовиш

По втор пат во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“, започнувајќи од утре

Avatar

Published

на

По втор пат во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“. Наредните три дена 18, 19 и 20 август 2023 година ќе бидат изложени мед и производи од мед на штандови во централното – градско подрачје на Плоштадот Св. Спасо Радовишки, како дел од регионални туристички промотивни денови во градот Радовиш.

Манифестацијата и годинава е предвидена во деновите кга се одбележува и чествува патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки. Покровител на истата е Општина Радовиш а финасиски е поддржана и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Манифестацијата ќе биде збогатена со дополнителни програмски содржини и изложувачи на здрави еколошки производи. Излагачи на оваа традиционална манифестација ќе бидат: Производители на мед и производи од мед, производители на други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и НВО што работаат во областа на туризмот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Заврши изградбата на локалниот пат Радовиш – пристап до градски водовод

Avatar

Published

на

Заврши изградбата на локалниот пат Радовиш – пристап до градски водовод во должина од околу 3 километри и широк 3,5 метри.

Реализацијата на овој проект со средства од ТАФ –  програмата се развлече околу две години поради докомплетирање на проектот.   

Како што рече градоначалникот Ацо Ристов кој денеска изврши увид во градежните активности, со овој пат ќе се овозможи побрз пристап до градскиот водовод но и пристап до обработливо земјоделско земјиште како и можност за пешачење и прошетки во природа.

„Со асфалтирањето конечно ќе се заокружи овој проект со кој се добива можност за побрз пристап кон градскиот водовод и до земјоделските површини,  како можност за посети и уживање во убавините на природата по горниот тек на Радовишка река. Во овој дел од градот ќе биде изграден и градски парк како што е предвидено во мојата програма“, вели Ристов.

Градоначалникот упати порака и до дрвокрадците кои честопати беа пресретнувани токму на овој пат користејќи го за кражба на огревно дрво, дека сега почесто  овде ќе патролираат и полициски возила па да не се чувствуваат комотни и да го користат патот за такви цели бидејќи во секој момент можат да бидат фатени на дело.

Прочитај повеќе