Василево
Асфалтиран дел од улицата покрај Домот на културата во населеното место Василево
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Викендов, општина Василево изведуваше градежни активности во населеното место Василево, каде беше асфалтиран дел од улицата покрај Домот на културата во населеното место Василево.
„Непристојните услови кои ги имаа граѓаните од овој дел на Василево, се решени. Општина Василево и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа, со домаќинско работење решава децениски проблеми на граѓанит“, напиша градоначалникот Андонов кој го притоа најави континуитетот во градежнмите активности во интерес на граѓаните на општина Василево: Продолжуваме со решавање на дециниските проблеми затоа што граѓаните заслужуваат подобра општина Василево. Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во следните населени места: Василево, Чанаклија, Градошорци, Ангелци, Седларци, Дукатино, Сушево, Добрашинци, Нова Маала, Висока Маала, Пиперево, потенцира Андонов.
Улицата која се асфалтираше е во должина од 65 метри и ширина од околу 3 метри, односно 200 м2 асфалт. За нејизна реализација општина Василево од сопствениот Буџет обезбеди 276 952 денари.
Поврзани содржини
Прекин на сообраќајот на локалниот пат Стар пат Василево- Пиперево
Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево
Започна асфалтирањето на улицата во село Калуѓерица
Пријавување за Меморијален Турнир во мал фудбал Ч’крче – 2023, Пиперево, Општина Василево
Во завршна фаза е изградбата на две нови улици во Калуѓерица
Започна изградбата на улица во Едрениково од Програмата за патишта за 2023 на Општина Василево
Василево
Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација
Published
2 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
Денес, првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, на свечена церемонија беа примени во Детската организација. Сложно, во еден глас повторувајќи ги зборовите од Заветот по својата директорка, ветија дека ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат зададените задачи и ќе се дружат со другарчиња во училишниот двор, притоа искрено, детски барајќи прошка за направените грешки.
Честитки по тој повод им упатија директорката на училиштето Марија Костуранова и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој во своето обраќање им вети континуитет во подобрување на условите во кои ќе се одвива нивното образование, бидејќи како што кажа тие се нашата иднина во која е неопходно постојано вложување.
Добредојде во најголемото детско семејство- Детската организација, со специјално подготвена училишна програма им посакаа и нивните повозрасни другарчиња.
Според информација од директорката, во ООУ „Атанас Нивичански,“, во учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 36 првачиња.

Василево
Прекин на сообраќајот на локалниот пат Стар пат Василево- Пиперево
Published
1 недела agoна
септември 25, 2023By
Media Press
Општина Василево Ве информира дека поради изведување на градежни работи односно пополнување на дупките со бетон на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево, во текот на денешниот ден, 25.09.2023 година (понеделник) истиот нема да може да се користи.
„Сите оние кои во текот на денешниот ден ќе имаат потреба од користење на овој пат, ги замолуваме да ги користат алтернативните патишта. Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на оваа активност, општина Василево очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници во сообраќајот“, стои во соопштението од Општина Василево.
Василево
Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево
Published
2 месеци agoна
јули 24, 2023By
Media Press
Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.
Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.
На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман доби дрес, Трајче Димитров од екипата на Спорт лајф за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.
На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени медали.
„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.
Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов – Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
