Македонија
70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Свечено отворање на VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, која се одржа во рамки на отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, а по повод јубилеите 70 години од основањето на институтот и 120 години од издавањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков, претседателот Стево Пендаровски денеска имаше свое обраќање.

„Дозволете ми најпрво да го честитам големиот јубилеј, 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Годинава покрај овој голем јубилеј, одбележуваме уште неколку значајни годишнини кои би сакал да ги споменам. Станува збор за 120 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, без сомнение едно од најзначајните дела за македонскиот јазик, литература и култура, како и 100 години од раѓањето на македонскиот поетски великан Ацо Шопов. Ова е и место и време да потсетиме дека годинава се навршуваат и 80 години од првиот час на македонски јазик во селото Подвис“, рече на почетокот Пендаровски.
Тој го честита големиот јубилеј на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, што достојно го продолжува делото на Мисирков, активно придонесувајќи за промоција и афирмација на македонскиот јазик.
„Официјализирањето и стандардизирањето на македонскиот јазик започнато уште во делата на Ѓорѓија Пулевски, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Партениј Зографски и на други бројни културни дејци од 19-от век, кулминира со дејноста на Крсте Мисирков. Неговото дело „За македонцките работи” е основата врз која се поставени современиот македонски јазик, азбука и правопис. Мисирков има особено значајно место во нашата историја како знаменит научник, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.
За неговиот живот и дело се напишани многу страници и од наши и од странски автори. Факт е дека станува збор за комплексна личност која што живее во сложени и тешки времиња, исполнети со војни, политички превирања и пресврти. Во неговиот животен пат се наѕираат сите тешкотии со кои еден интелектуалец се соочува низ балканските премрежија. Личност која остварувајќи се како научник, во исто време се бори за својата егзистенција и е во потрага по личната среќа.
Почитувани,
Постојано истакнувам дека е важно научната јавност да не потпаѓа на притисокот на дневно-политичките настани, чувајќи ја својата автономија, достоинство, објективниот и критички пристап во проучувањето на историските и актуелни феномени. Токму научниците, писателите, уметниците се моралната и естетска вертикала која го чува интегритетот на човештвото во овие времиња на виртуелна реалност, моделирана од новите медиуми и социјалните мрежи каде што често пати формата е побитна од содржината.
Важно е да го чуваме сознанието дека нашето постоење, јазик, уметност, култура, нашиот светоглед, не постојат затоа што се верификувани од другите, туку затоа што се јадрото, самата суштина на нашите животи која ни овозможува траење низ времето и просторот. Во таа смисла, и како минато, и како сегашност и како иднина, Мисирков и „За македонцките работи“ биле и остануваат да бидат стожерот на македонскиот јазичен, национален и културен идентитет.
На крајот, дозволете да ви посакам успешни Отворени денови на Институтот и успешна конференција, исполнета со провокативни излагања кои ќе понудат нови аспекти на историските настани и нови толкувања на познатите историски вистини“, рече претседателто Пендаровски во својот говор кој го заврши со констатацијата:.
„Јасно е дека наспроти глобалните процеси кои од мноштвото сакаат да направат едно, сепак, на овој свет опстојуваме најмногу затоа што сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик“.
На отворањето на конференцијата присуствуваше и Христо Мисирков, потомок на Крсте Мисирков, а беше промовиран и Зборникот од VII мeѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.
Обраќање на претседателот Пендаровски –
Поврзани содржини
Пендаровски го одби барањето за помилување на Катица Јанева
Претседателот Пендаровски во посета на семејната куќа на претседателот Борис Трајковски во Струмица
Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за казнетите во корона периодот
Пендаровски го осудува вандалскиот чин на каменување на „Македонски културен клуб – Никола Вапцаров“ во Благоевград
Пендаровски: Мој предлог до Владата е да му забранат влез во нашата земја на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент
Пендаровски: Постепено ја губиме почитта едни кон други
Македонија
Приведени тројца криумчари на мигранти, едниот бегајќи од полиција удрил во наплатна станица Смоквица и во столб
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
На 12.09.2023 во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје. Околу 19.45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во рампа од наплатната станица Смоквица, продолжил со движење и во село Негорци удрил во столб и застанал.
Во возилото биле пронајдени 16 лица мигранти, од кои еден се здобил со тешки телесни повреди, а двајца со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
С.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.
Исто така кај Миравци биле приведени две лица, во возилото пронајдени петмина мигранти. Вчера околу 19.00 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Претходно, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан).
Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Македонија
Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година
Published
2 недели agoна
септември 11, 2023By
Media Press
Повисоки плати за 10% во цела јавна администрација како и исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, средства за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет на антикризни мерки обезбедуваме со Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година, што беше усвоена на седница на Владата и ќе биде доставена до Собранието на усвојување.
Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција, на која истакна дека средствата за овие цели се обезбедуваат преку реалокација и дека тоа се прави со Одлука за прераспределба, а не со ребаланс на Буџетот од причина што до крајот на годината се очекува во ист номинален износ реализација на приходната и расходната страна, согласно проектираното во Буџетот за 2023 година.

„Пристапивме кон овие реалокации на средства, главно во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачувањето на платите во јавниот сектор, К-15, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите за земјоделците, деветтиот пакет антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци. Воедно, ја задржуваме развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. Исто така, се реалоцираат дополнителни средства за поддршка на компаниите, како странски, така и домашни“, истакна министерот и додаде дека стратегијата е заздравување на економијата пред се, заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и забрзување на растот.
Потребните прилагодувања во Буџетот, како што рече министерот, се направени преку реалокација на средствата од позиции каде има послаба динамика и каде процесите дозволуваат да се направат прераспределби кон позиции каде се преземени обврски. При тоа потенцира дека не се отфрла ниту еден капитален проект, како и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, односно согласно златното правило во финансиите – да се позајмува само за инвестиции и развојни цели.
Со Предлог-одлуката, како што образложи се обезбедуваат 4,25 милијарди денари дополнителни за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 10% и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за пораст на пензиите за околу 6% за 336 илјади пензионери почнувајќи од септември 2023 година, 600 милиони денари за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантиран месечен приход, 800 милиони денари наменети за земјоделски субвенции, пред се за субвенции за млеко, сточарско производство, како и за авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство. Исто така обезбедени се 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест, 200 милиони денари за редовно сервисирање на породилните боледувања, 166 милиони денари за превод и печатење и откуп на учебници за основно и средно образование. Обезбедени се 290 милиони денари за исплата на студентски оброк за 29.000 корисници, за 6.900 стипендисти студенти и за 9.600 ученици стипендисти, 650 милиони денари за исплата на МОЈ ДДВ за третиот квартал заради зголемувањето на лимитот на повратот, а со Предлог одлуката се направени и дополнителни алокации за државна помош за компании во износ од 1,081 милијарди денари, и тоа за домашни компании 581 милиони денари, за странски компании 200 милиони денари и за компании и инфраструктурно уредување во ТИРЗ 300 милиони денари.
Македонија
Запленети 4 тона апчиња и гел за потенција ризични по здравјето на луѓето
Published
2 недели agoна
септември 7, 2023By
Media Press
Спречена нелегална трговија на 4 тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдиле дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства информира Царинска управа на Македонија.

Воедно
стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води
Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија и е различно
декларирана.
„Поради постоење сомневање дека
пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член
277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде
поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје“ стои во соопштението од Царинска.
Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
